Со курот в раце некои проблеми не се решаваат!

30.08.2017 12:37
Со курот в раце некои проблеми не се решаваат!

Не е шахот за него

Му ги изедовме пионите, речиси сите, само уште Бетмен и Ќоравиот му висат на работ на таблата, му ги осакативме ламферите, фигурите што му ги држеа дијагоналите, Илче и Антонија, така ги викаше нагалено, паднаа и неговите коњи, Марко и Петар, топот Сашо се прави дека се симнал да моча, а Орце дава знаци дека може да реши да ја сврти цефката кон него, кралицата му е, сите знаеме, само за сликање, сам е, ебати кралот без голем, накитен и напрчен антураж, партијата е готова, убаво прави што како некој говњарски техничар оди по селата и продава проекти за канализации, не е шахот за него!

30.08.17.

Ало, Никола, Ѓузумелци колинг!

Говна шприцаат на сите страни, смрди дур до Велес, овците се како чоколадни медаљони, луѓето ги вадат цевките од канализацијата и со нив најголемата желба од срцата: да им дојде, да реше некое срање и во селото Ѓузумелци, Светиниколско, како во Жировница, во Драслајца, да направи вино и од нивната вода, да фати риби во ѓузумелската брана, да ги нахрани Ѓузумелчани, ало Никола, Ѓузумелци колинг, јави се, ако е само до власта ние ќе ти ја дадеме, стоко!

29.08.17.

Заев и Богородица

Од Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица, премиерот Зоран Заев упати честитки по повод големиот христијански празник. Претходно, Заев присуствувал на утринската литургија во манастирот "Свети Леонтиј" во Водоча. Попладнево се очекува да ја посети црквата "Пресвета Богородица" во близината на Берово. Се уште не е јавено во која црква ќе ноќева.

28.08.17.

Црквата како допинг

Македонците ја користеле црквата како допинг во ропскиот маратон на Историските игри. Непобитно е утврдено дека не би можеле да издржат толку векови под ропство, без анаболичното дејство на својата црква! Анализите покажуваат дека да не се распаднале Отоманската империја и Кралството Југославија, Македонците ќе издржале уште најмалку десет века ропство! Но и во тие несреќни околности никој не може да им го загрози првото место и златниот медал!

28.08.17.

Со курот в раце некои проблеми не се решаваат!

Човекот што ќе забележи дека запеченото говно во веце школката не се разбива со млаз од мочка, е на половина пат да разбере дека со курот в раце некои проблеми, просто, не се решаваат!

28.08.17.

Усмрденост

Чарлс Симич држи слово. Во обесчестената Света Софија. Шелева, Ѓузел, ако добро забележав, Смилевски и Силјан во првиот ред. Неуништливи парадери со добар избор на една од смртно сериозните маски на лицето, видов и во другите редови. Тоа е, си реков, како Рембо да станал да му пее на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Драслајца. Тешка гротеска. А фино му бев предложил на Чарлс да се заблагодари на честа и наместо во Струга, да појде на прошетка низ засушените прерии на Њу Хемпшир! Да не ја оплодува со својата велелепна поетска и интелектуална семка македонската усмрденост!

27.08.17.

Кога не се поднесувам

Се случува да правам работи кои не ги поднесувам кај другите, а не ги поднесувам ниту кај себе откако ќе помогнам да се случат: да не пропуштам пешак на пешачки, да испрскам со вода од некоја лочка минувач на тротоарот, да правам колона зад себе чекајќи да ме бакне Моника Белучи пред да излезе од мојот "Линколн" на "Рекорд", да ги стискам праските во "Веро" за да одберам потврди, да пијам пиво додека Мајло ги истражува смрдежите на околината, да разговарам на телефон заборавајќи дека сум во средина на која тоа, можеби, ѝ пречи, да бидам прегласен во кафеана и на улица, да носам распар чорапи, да мочам крај некоја грмушка во паркот, да коментирам против емисиите "имаме ли гледач на линија" толку цинично што жена ми ја бркам од собата во рок од пет секунди, да се преместувам од колона во колона пред касите во "Рамстор" или пред точилниците на бензинска пумпа, секогаш гледајќи како во претходната позиција веќе би завршил работа...

27.08.17.

Еквивалент на сто цистерни говна

Повеќе пати сум гледал како полицијата ги растура импровизираните картонски тезгички натрупани со памучни гаќи и ѕиври, пластични саксии со мали сардоњи и кактуси и ситен алат за по дома, покрај патеките што водат кон Зеленото пазарче или кон онаа во Аеродром.

Се сеќавам на паниката што се креваше меѓу сиромашните како пред најавата на некаков ураган Харви или така некако.

„Полицијааааа...“ слушав како претходницата на македонската беда вика и им дава знак на оние зад нив да си ја приберат стоката, а и самите да се приберат некаде, кај сакаат, само да го избегнат малтретирањето и казните што им доаѓаа во форма на униформирани и неуниформирани лица на режимот вмро-дпмне.

Тогаш бев против полицијата, само господ знае како сум се воздржувал да не влезам во физичка пресметка со нив во миговите кога идејата го ослободува човекот од стравот дека ќе наебе. Но, сега би ги поздравил истите тие или некои други полицајци ако се зададат од некаде и направат растур меѓу оваа хипнотизрана, злосторничка багра што собирајќи некакви потписи шири омраза кон имигрантите, кон луѓето во мака, кон муслиманите, кон човекот како човек, па дури и кон себе, пичка им лепа материна. Би ги поздравил и да немаат законско овластување, но јас знам дека имаат, само не знам дали на излегување од станицата ќе си го земат односно дали ќе им дадат да си го земат. Тие петицијаши, кретенчуги, се еквивалент на сто цистерни со говна истурени меѓу Капитол и Бисер. Не, малку е. Тие смрдежи ѝ даваат тон на општата слика и, еве гледам, дека нè искачиле на самиот врв на Европа.

„Мрази за десет... со девет букви... уф... мора да е Македонец!“

Ханс и Ана решававаат крстозбор на терасата на својата вила во Спа Франкоршамп, Белгија.

26.08.17.

Станови за вмрони

За разлика од вмроните кои потпишуваат петиции против изградбата на станови за бегалци, јас би потпишал петиција за изградба на станови за нив!

За сите!

На некоја фина, изолирана локација, оградени и од муслиманите и од сите нормални луѓе!

Сто отсто чиста средина, со банка за пљачка, сала за митинзи, кредитни кратички, дуќани на "Макс Мара" и гробишта!

Архиепискотот би им го отстапиле од емпецето!

До крајот на преодниот рок има уште пет-шест дена, мислам дека тој трансфер може да се перфектуира!

25.08.17.

Заедничка седница!? Не, фала!

За да има заедничка седница на владите на Србија и Македонија, српската би требало да ја предводи Вучиќ. Без тоа самата разлика во политичките капацитети ќе ја уништи идејата дури и ако претпоставиме дека таа е добронамерна.
Бидејки тоа не е можно, најдобро е од идејата да се направат хартиени бродчиња и да се пуштат Вардар и Морава да ги однесат на различни страни од светот!

24.08.17.

„Празна амбасада"

Одушевен од начинот на кој ги реши проблемите со Македонија, српскиот претседател Александар Вучиќ деновиве планира да ги испразни дипломатските претставништва на Република Србија во Загреб, Подгорица, Сараево, Приштина, Берлин и Вашингтон. Договорот во пет точки со Заев наиде на фантастичен прием во светот. Има најави дека Трамп ќе ја испразни американската амбасада во Москва, а Путин руското велепосланство во Вашингтон. Се зборува дека и проблемите со нуклеарните закани би можеле да бидат решени во договори од пет точки, се разбира, со претходно темелно празнење на севернокорејските амбасади по светот и светските во Пјонгјанг. „Празна амбасада", така светот почна да ја вика новата дипломатска доктрина од која очекува да му донесе мир!

24.08.17.

Куче да врзеш ќе скине

Куче од Алепо да врзеш во Инџиково ќе изврши автотомија на врзаната нога и ќе избега за Германија, тие собираат потписи против бегалците од Сирија.

Голф игралишта и апартмани со базени и кино сали треба да изгради Македонија за да намоли сто Сиријци да останат во оваа вукојебина темелно опустошена од вмро-дпмне како Сирија од ИСИС и Асад.

23.08.17.

Повлекување на Месечината

По грандиозниот успех со персоналот на амбасадата во Скопјанг, Вучиќ и Дачиќ излегле на најубавата белградска тераса и ја повлекле Месечината со гајтан за пегла, предизвикале цунами и ги потопиле сите српски бродови!

Хахаха!

Како во филмот со Џим Кери и Морган Фриман, заборавам како се викаше, со таа разлика што Кери таму им еба мајката на други бродови , куќи и луѓе!

23.08.17.

Смисла

Повеќе смисла има Македонија да го демонтира крстот на Водно отколку Вирџинија споменикот на генералот Ли во Шарлотвил!

За другите бронзени говна по Скопјево да не правиме муабет. Такво количество на смисла нема во цел свет!

23.08.17.

Делиричност и хистеричност

Македонија е модерна нација. Во бодријарска смисла на зборот. Реакциите на српската дефанзивна агресија покажуваат дека Македонија ја следи бодријарската закономерност и на движењето на светот кон делирични гледишта, самата се движи кон делирични становишта. Тоа е простор меѓу лажното и вистинитото, меѓу убавото и грозното, меѓу доброто и лошото, додека позицијата на српската влада не е делирична туку е хистерична, односно целата е натопена во лага, грозота и лошост.

23.08.17.

Слики: Свирачиња