Margaret Atwood: You Have Been Warned!

30.08.17 16:10

Последните неколку децении Маргарет Етвуд е универзално признаена како најголема жива писателка во Канада. Бестрашно отворена и искрена во животот и во нејзината работа, Етвуд отсекогаш била неуморен провокатор.

Сега, на 77-годишна возраст, нејзината ѕвезда сјае посветло и посмело од кога било, со експлозивната телевизиска адаптација на нејзиното најпознато дело „Тајната на слугинката“, кое првпат беше објавено во 1985 година.

Станува збор за дистописки роман на шпекулативна фикција чиешто дејство се случува во иднината. Во многу аспекти, серијата предизвика споредби со владеењето на Доналд Трамп, особено обвиненијата за мизогинија кои ги разгореа борците против Трамп низ цела Америка.

Во едночасовниот документарен филм на Би-Би-Си снимен годинава, Алан Јентоб се сретнува со Маргарет Етвуд во Торонто и открива како нејзиното детство, поминато помеѓу канадската дивина и градот, помогнало да ја обликува својата визија за себе и за светот, ја запалило нејзината имагинација и ја поставило на патот кон книжевниот успех.

ОкоБоли главаВицФото