1011 hPa
88 %
14 °C
Скопје - Нед, 06.10.2024 02:04
Со мотото „ве покануваме да нѐ поканите“, Номад Танц Академија Македонија“ сакаме да допреме до сите заинтересирани да се поврзат со нив и да постанат КО-гости во предложената програма.
„Номад танц академија Македонија“ во просторот на „Кино Култура“ - простор за современи изведувачки уметности и современа култура ја организира програмата „КО2-егзистирање“, која директно дејствува во сферата на современиот танц, современата кореографија и перформансот. КО-автори на КО-програмата се Викторија Илиоска, Александар Георгиев и Елена Ристеска.
Во периодот од 1 до 9 септември 2017 година учесниците на „КО2-егзистирање“ ќе работат на развивање на современи формати кои ќе овозможат различни уметнички интереси и потреби да ко-егзистираат и успеат да достигнат до нивно ко-споделување со локалните уметници и локалната публика.
Програмата е составена од три „ситуации“: КО2-егзистирање (резиденција за и околу продукции), КО2- Фестивалско случување (фестивал за презентирање на дела од учесниците што ќе се одржи од 1 до 9 септември) и Затворен состанок (серија состаноци од затворен тип, наменети за разгледување алтернативни модели на продукција и состојба на локалната сцена).
Акцентот на програмата е на алтернативниот начин на продукција и создавање, во взаемното постоење и сонување, и во можноста на ко-курирање на фестивал поставен во една локална сцена, но воден од интернационален тим од уметници..
Наспроти веќе познатите формати во целиот свет на едукативни работилници, уметнички размени и фестивалски формати каде најчесто акцентот е на обуката и застарените формати на размена каде има конкретна програма, куратори и ментори, резиденцијата на КО2-егзистирање е базирана на слободата и интересите на самите уметници, на создавање услови за различни уметнички потреби и реализирање на уметнички дела кои би имале директен придонес во развивањето на современите уметнички формати.
Ко-егзистирање е програма која им дава целосна слобода на 15 различни артисти од Шведска, Данска, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Шпанија, Германија, Австрија и Македонија за заедно да соработуваат, да разменуваат мислења, да споделуваат идеи, да истражуваат и да ко-егзистираат.
На оваа страница можете да ги следите учесниците на уметничката резиденција и предложените дела за фестивалот:
Фејсбук страница: https://www.facebook.com/coexistance/
***
Програмата е реализирана од „Номад Танц Академија Македонија“, во соработка со „Локомотива“ - центар за нови иницијативи во уметноста и културата и „Кино Култура“ - простор за современи изведувачки уметности и современа култура.