Гласниот оргазам го глумат 80% од жените

28.07.2010 09:36
Гласниот оргазам го глумат 80% од жените

Имате бучни соседи и му завидувате на нивниот бурен ноќен живот? Или, се плашите од ноќта бидејќи знаете дека тие сакаат да водат љубов навечер, а жената е прилично гласна? Ќе ви откриеме една тајна.

Истражувањето кое минатиот месец беше објавено во Archives of Sexual Behavior носи резултати кои велат дека гласните изрази на љубовното уживање често не се толку искрени колку што звучат.

Научниците Гејл Бревер и Колин Хендри испитале 71 жена на возраст од 18 до 48 години. Вокализациите за време на сексот ги поделиле во категории кои вклучуваат тишина, стенкање, врескање, зборување и наредби. Останатите прашања биле зошто жените биле толку гласни за време на сексот или додека имале оргазам и ако немале – зошто толкава врева.

Се покажало дека жените свесно ги користат ваквите вокализации за да влијаат на својот партнер, а не како израз на сопственото возбудување. Понекогаш со својата гласност тие сакале да ги забрзаат работите – поради досада, замор или ограниченото време. Да се биде гласна не значи и да се биде возбудена. Можеби со гласноста тие сакаат да ги свртат нештата во својат корист и да му укажат на машкиот партнер што сакаат да им прави. Дури 92% од испитаничките сметаат дека гласноста е во прилог на самодовербата на нивниот партнер, а дури 87% признаваат дека и кога не се највозбудени, глумат за истата цел.

Резултатите покажуваат и дека 25% од жените веќе рутински ја користат оваа метода, а тоа го сториле во 90% од случаите кога сфатиле дека нема да доживеат оргазам, додека 80% од нив го сториле тоа во случаите кога воопшто немале оргазам.

Тоа е така затоа што, како што велат испитаничките, мажите мислат дека мораат да им пружат оргазам на жените и не се откажуваат од својата цел. На овој начин на жените им е полесно бидејќи можат да го одглумат оргазмот и да завршат со сексуалниот чин.

Но не се само жените глумци – оргазми глумат и мажите, иако поретко. Во 36% од случаите и мажите изведуваат гласен перформанс со кој сакаат да кажат – готов сум – иако не е секогаш така.

ОкоБоли главаВицФото