Инфракт

31.08.2017 12:41
Инфракт

Стварно не знам колку време употребив моиве да научат дека флизер е фризер или релна е рерна или малце пософистицирано, дека експресо е еспресо. Џабе. Нема чаре и оддамна се откажав.

Денеска, триеспет степени у девет навечер. Не поднесуам топло ама па, ко те тепа носталгија поднесуеш. На времето, коа клими имаше само на Водно, знаевме да натопиме чаршаф и така да спиеме. Е сеа, некој ќе настине, некој не, ама штос беше.

Идам да видам стање у маало. Асфалтот уше се испаруе од жешко. Го глеам Столе. Домаќин чоек. Забревтан, црвен у образите, сто кеси со него. Шлапа со влечките, го слушаш на сто метара. Ко шо е ред.

- Хеј Џанго...
- Оооо... кај си бе? Откоа те немам видено.
- Ја, еве ... ( го покажуе пазарот)
- Шо ќе праиш? Некој и тоа мора. Кој за шо учел.
(Не можев да издржам. Најслаб ученик ми беше)
- Остај сеа, не заебаај. Слушна за Чафкоф?
(ф-то правилно го употребуе, ме орасположи)
- Шо?
- Инфаркт го опнал!
- Како? Како?
- Инфаркт бе. У болница завршил.
- Ај понови! (не ми се веруе на ушите)
- Од коа си глуфтар бе? Инфаркт!... Чафкоф! ... У болница!
- Те чув бе и првиот пут, не се дери. Него, коа научи дека инфаркт е инфаркт, а не е инфракт?
- Отсекоаш сум знаел.
- Па значи, си ме дупел, тибам тоа. Колку време погрешно кажуеше - инфракт?
- Не бееее... нишо лично. Ко ќе каеш инфракт, знаеш дека е погрешен збор. Си мислиш, тебе нема да ти случи, ако погрешно го кажуеш. Шо да праам? Мало суеверие.
- Нема баш логика, ама ок. Шо ти текна, за битангава правилно да го употребиш?
- Па правилно да му се случи бе? Инфаркт. Не се глупирај и ти сеа.

Го остаив Столе. Има кеси за качуење на петти спрат, ама ме фаќа мала дилема. Морална дилема.
Уствари, ОК си е. Столе не спомна деца, а знам дека никад пред нив не би посакал такво нешто за татко им.

Слика: Никлас Густавсон

ОкоБоли главаВицФото