Забеганите против избеганите

01.09.2017 10:41
Забеганите против избеганите

Хејтаат мигранти и бегалци и гордо ги пеат бежанските и печалбарски химни „И ние сме деца на мајката земја“, „Каде сте Македончиња“, „Параходот ми пристигна“...

Мисирков и Чуповски биле бегалци и мигранти.

И најголем дел од основачите и дејците на ТМОРО/ВМОРО.

ВМРО на Александров е организација главно од мигранти и бежанци.

Водачот на ВМРО Ванчо Михајлов бил бегалец во Турција, НДХ и Италија.

Ченто бил уапсен зашто сакал да емигрира.

Таткото на ДПМНЕ Драган Богдановски е мигрант.

И првиот претседател на ДПМНЕ едно време емигрираше во Благоевград.

Сегашниот претседател на ДПМНЕ е дете на мигранти. И неговиот братучед е мигрант, како и повеќето министри од неговата партија која стимулираше мигранти со субвенции за авио билети и пратеници од дијаспората.

Оти има повеќе мигранти Македонци надвор од Македонија, отколку во неа.

А голем дел од тие што се во неа се потомци на мигранти или бегалци од Егејот.

Најголем дел од младите размислуваат да станат мигранти.

Затоа, тој што им смислил кампања на ВМРО-ДПМНЕ против мигранти и бегалци убаво ги наседнал.

Сега тие водат кампања против нивните родители, основачи, дејци, па и деца.

Водат кампања против најголемиот дел Македонци, каде и да се.

Ваква антимакедонска и самоубиствена кампања никогаш немало.

Хејтаат мигранти и бегалци и гордо ги пеат бежанските и печалбарски химни „И ние сме деца на мајката земја“, „Каде сте Македончиња“, „Параходот ми пристигна“...

Забегани, до даска.

Извор: Фејсбук профилот на авторот

ОкоБоли главаВицФото