Дизајнер направи тајно студио под мост во Валенсија

02.09.2017 14:38
Дизајнер направи тајно студио под мост во Валенсија

Самоукиот дизајнер Фернандо Абеланас изгради таен простор за живеење под мост прекриен со графити во шпанскиот град Валенсија. Притоа ја искористи бетонската конструкција, а обликуваше и покрив и ѕидови за своето скривалиште.

Освен просторот, тој го осмисли и мебелот и осветлувањето, а изградбата на студиото од метал и дрво траела само две недели.

Иако не сака да открие точно под кој мост се наоѓа неговото скривалиште, признава дека претпочита проектирање куќички на непознати локации.

„Многу ме привлекуваат ваквите места, а во голема мера зависам од условите кое местото ги нуди. Тоа беше лична интервенција со која се обидов да му дадам вредност на ова место, а исто така да ги оживеам оние чувства што ги доживувавме кога се криевме како деца. Изолирани сме, но истовремено сме блиску до нашата куќа или град“.

Благодарение на тркалцата и поставената рачка, студиото може да се поместува под мостот, така што ги допира неговите бетонски столбови на кои дизајнерот поставил дрвени полици и плоча која служи како маса.

Студиото има стол, кревет и ламба, така што во него може да се престојува и во текот на ноќта, до душа, над сообраќајница.

Фернандо вели дека тоа не е идилично место среде природа, туку мал простор на кој можете да се скриете од градската врева, а додава и дека минувачите ретко го забележуваат.

Извор: Dezeen

ОкоБоли главаВицФото