Еден просечен ден

03.09.2017 16:17

Мојата жена и јас баш се каравме и кршевме по дома.
Тоа беше една класична ситуација.
Децата плачеа и чекаа да помине.
Траеше малку подолго, оти ми се чинеше дека овојпат
ќе ѝ објаснам некои работи.
Во тој момент стигна вселенец.
Му мавнав да чека додека не ја завршам својата приказна.
Се создаде некаде кај жена ми и почна да ја влече кон надвор.
Беа на вратата и беше очигледно дека сака да ја набутка во својот брод.
Го ѕвекнав со тупаница во глава и му ја занишав антената.
Само воздивна и се проли по подот, требавте тоа да го видите.
Убиецу, викаше мојата жена, уби човек.
Му ја откорна антената од раце и се обиде негде да ја врати.
Но тоа чудо веќе немаше глава.
Ете, таков си ти, вели таа во солзи.
Уништуваш сè што ќе допреш.

Превод: П. В.

SENKO KARUZA (1957, Сплит), хрватски писател; детството го поминал на островот Вис. Ги објавил книгите: Busbuskalai (1997), Ima li života prije smrti (2005), Tri krokodila (со Бранко Чегец и Мирослав Миќановиќ, 2005), Vodič po otoku (2005), Teško mi je reći (собрани раскази, 2007) и Kamara Obscura (2010). Го води книжевниот фестивал Mare, Mare! и е основач на неслужбениот Мултимедијален мобилен центар за истражување на алтернативни форми на преживување на мали и издвоени острови.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото