1008 hPa
68 %
17 °C
Скопје - Чет, 28.03.2024 08:29
Во рамки на фестивалот ДРУГА ПРИКАЗНА (8-10 септември, МСУ Скопје), ќе се одржи работилницата КНИЖЕВНИ ИГРИ, посветена на повеќе алтернативни, експериментални и игриви начини на креативно пишување.
Работилницата ќе ја водат Оливера Ќорвезироска и Владимир Лукаш, а ќе се одржи во Музејот на современа уметност на 10 септември (недела) во 15 часот.
Заинтересираните можат да се пријавуваат на е-адресата drugaprikazna@gmail.com, а треба освен своето име, презиме и куса биографија, треба да остават и телефонски број за контакт.
Бидејќи бројот на учесници е ограничен на десет, на работилницата ќе учествуваат првите десетмина кои ќе се пријават.
Крајниот рок за пријавување е 8 септември (петок).