Кутија за лов

06.09.2017 17:48

Меѓутоа некој на улица
отвора кутија со бонбони
во која влегуваат неколку раце
што земаат по една
и ѝ го одмотуваат хартиите.

Земањето бонбони,
тоа очигледно е алузија на нешто,
иако е и стварно:
постојат бонбони што исчезнуваат,
и тоа исчезнуваат в уста -
мисли жената од страна
која не е повикана да се вмеша
и која без да сака да гледа
само тоа го гледа и следи,
рацете и шушкавите хартии
кои како мртви пеперуги
паѓаат врз плочникот.

Тоа неодоливо на нешто ја потсеќа,
само не знае на што,
не знае каква е таа
одеднаш пукнатина
во нејзиното дишење.

Таа се врти.
Тогаш станува свесна
дека рацете во кутијата се удар
удар некаде никаде
во нејзиното мирно стоење на аголот,
во воздухот околу нејзе, насекаде
каде што има и нема меморија.

Таа сака да му се измолкне,
ударот и понатаму ја следи,
тој ја наоѓа и погаѓа
точно по средина,
секоја средина,
секогаш по средина,
како и таа да се сврти.

Боже, што да прави?
Пали кибритче,
мисли на оној кого што го чека.
Не знае кој ќе биде
тој ангел со мрачен стомак,
тој следен чекор
на линијата на влекачите,
во форма на птици и цицачи.

Секако,
тој, таа, она,
хартиите и понатаму шуштат:
инсекти од дивината
на омразата и немоќта.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото