„Гавранот“ на скопски сленг

07.09.2017 10:38
Гавранот на скопски

Се деси една вечер мрка, кога седев цел у фрка
Над книги нешто као читав ствари од неповрат
И дремка така, баш пред спање и слушам некое срање,
Као факинг некое драње, драње на мојот спрат.
„Некој шупак“ – реков ја, „ми се издерава на спрат-
Тоа е све и нишо друго, брат“

Ми текиње сеа ко шо треба беше као декември шема
Жарта праеше атмосфера, сенки а-у и многу чад
И сонце чекав над снегот - џабе, али више ради редот
У книга сакав да ми отиде бедот – бедот за Ленора пак-
За најјаката пичка Ленора што се вика, пак-
Заувек више шо ја нема, брат.

И од звуците заебани од завесата шо е од сите страни
Ме пукаа факинг флешови пеер, о мај гад
И така за да не трипам, цело време ја си викам
„Некој шупак ретардиран ми се издерава на спрат-
Шупак ретардиран глуп ми се издерава на спрат;-
Тоа е све и нишо друго, брат“

Се спастрив така ја од мука и викам ај да не го тупам
„Бродец“ реков ја, „или мала ватевер, извини вака сад;
Факт е, бев пред спање и сеа ме разбуди ова драње
Баш сеа, пеер, целово срање, срање на мојот спрат,
Шо не знаев шо се дешава“ – тука отворив врата до спрат;-
Темница и нишо друго, брат.

И се ѕверам така у црнилата додека ми се ебат скроз сетилата
И неам појма шо кур се дешава, дали сум отиден или ват д фак?
А од спратот ни ебен звук, од тишината ни пук
Едино битно тук беше шепнатиот збор: „Ленора?“ пак
Тоа шепнав и ехо ми даде ондак збор: „Ленора!“ пак.
Тоа е све и нишо друго, брат.

Се враќам ондак у соба, док горам у факинг утроба,
И сеа погласно као, али слушам драње пак.
„Абе, бот!“ – си викам, „нешто ти е на факинг џам
Ај да видам, да не нагаџам, шо се дешава, ват д фак
Да смирам живци и да видам шо се дешава, ват д фак
Мора да е ветар и нишо друго, брат!“

Отварам ондак прозор и ни три ни за позор
Улетува одма тука гавран абе црн, најцрн – мрак!
И онака, не ме ни ферма, него право летна и си легна
Ко да е факинг газда над вратата од мојот спрат-
На сликата од Цеца шо е над вратата од мојот спрат-
Седна така и нишо друго, брат.

И тука одма као сеа ме фаќа пеер некоја смеа
Дешавкава со гавранов ми е скроз као у Зона Сумрак
„Ми изгледаш мики штур“ – реков ја, „али не те боли кур,
Ти ибам гавранот глуп, да не идеш од црниот град?
Као се викаш бе, шо идеш од црниот Плутонски град?“
Рече гавранот: „Никад, брат.“

И сеа чудно пеер ми падна, шо збори птичуринава гадна
Иако уопште нема везе што вика у својот грак
Оти ај да бидеме озбилни, никој у вековите обилни
Нема видено птица овака да му се убаци на врата од спрат
Ни птица ни ѕвер да се убаци на слика над врата од спрат
Со име као „Никад, брат.“

Али гавранов на сликата си чила, не ни ебе жива сила
И само тие два збора му се, ко душа да е у тој потфат
Друго да каже не ни сака, ни со пердув да мрдне онака
Додека едвај ја да кажав „Ме боли кур бе, гад.
Као надежта ќе си летнеш сам на сабајле, гад.
И ондак рече: „Никад, брат.“

И ме сецна тука многу јако со овој негов битен гракот
„Сто посто,“ реков ја, „само тоа му е у занат
Газда некој имал братов што опасно го јадел стапот
Гужви, фрки, увек крапот што само таа песна му е у врат-
Што за кулирање од срања само таа песна му била у врат
Увек само „Никад, брат.“

Али од гавранов уште сеа ме држи тука таа смеа
Носам одма и фотеља ставам пред птица и врата од спрат
Ко заклан унутра одма пропаѓам и одма тука мисла фаќам
Филмови си вртам што е фората со овој грак
Што кур матер му ебам е фората со овој грак
Коа вика „Никад, брат.“

И така седам скроз уфилман, збор пеер ни да зинам
Кон птицава шо ме глеа сеа ко да ќе ме стаи у мат
Седам ондак, идеи мавам, потпран така скроз со глаа
На штофот мек на фотељата полу-облиена у мрак
Чиј штоф мек на фотељата полу-облиена у мрак
Она нема више да го допре, брат.

И ондак као да се дими од кандила невидливи
Сценава мики серафими собава ја мирисат
„Стоко една!“ – ја си реков, „Тоа е лекот пеер за бедот
Да не те пука више депре ненормално за Ленора пак;
Заборави ја сеа, прекини со депре за Ленора пак!“
Рече гавранот: „Никад, брат.“

„Пеер!“ – реков ја, „тибам мајка! Дал си ѓавол или чавка
Факинг Сејтан ли те пратил или дојде на крилест ат
Не е битно као стигна, јебига пеер, што бидна-бидна
у рупава најморбидна, али мора итно да ми кажеш сад!
Има-Има ли кулирање од бедов?-кажи-кажи-итно кажи сад!
Рече гавранот: „Никад, брат.“

„Пеер!“ – реков ја, „тибам мајка! Дал си ѓавол или чавка
Жими све пеер не ме јеби – и не биди таков гад
Кажи сеа оти сум у бед, дали негде у оној свет
На пичката јака Ленора ќе ѝ се убацам пак?
На најјаката пичка Ленора дали ќе се убацам пак?“
Рече гавранот: „Никад, брат.“

„Епа фак оф највише ондак, птицо или враг!“ ја спомнав-
Мрш назад факинг одма накај црниот Плутонски град!
Ни пердув да не си дропнал штом више јадеш гомна!
Остави ме да се рокнам!- мрш од вратата од спрат!
Не мавај со овие куршуми и губи ми се од вратата од спрат!
Рече гавранот: „Никад, брат.“

И така гавранот што му прдна, не се мрдна, не се мрдна,
Од сликата од Цеца шо е над вратата од мојот спрат;
Му сијат очи или бладам, док следи све као влада
И од сенката негова страдам што ја убацува на под као враг
И душата моја од под таа сенка што ја убацува на под као враг
Нема да стане никад, брат.

Слика: Leah Saulnier
Препев на скопски: Кирил Мокров

ОкоБоли главаВицФото