Во железничка чекална

07.09.2017 17:04

Во железничката чекална гледав сиромави
собрани околу греењето, единствената топлина што им останала.
Луѓето минуваа крај нив, брзаа и не гледајќи ги.
Еве ја, си мислев, историјата или нешто слично на едно место.
Доаѓајќи дома ги молам зборовите да кажеме, да кажат нешто за таа
глетка. Зима е, дождовите пагаѓаат, и покрај безбројните возови
тие неимашливи никаде нема да отпатуваат, светот е затворен.
Ги наговарам, да ја зголемиме колку што можеме топлината онака како
што тоа го прават молитвите. Молчат. Тие молчат така што не знаеме каде,
на која страна да ја упатиме молбата. Толку пати тие спонтано
се нижеа, било да се мои работи или измислени
проблеми, радости, мутавости и слично. Ќе изгледа
дека ништо не сме виделе, дека ништо немало. Слепилото,
вид поспаност сè ќе проголта. Како да ги наговорам?
Тескобата, пустошот и несреќата започнати со глетката растат.
Зборовите бегаат. Иако без сомнеж во некој центар, сосема сме
(зборовите и јас) изгубени во празнината. Пак нешто не знам
добро и доволно. Зимата, дождот, возовите доаѓаат и заминуваат,
наместо зборови кучињата лајат нешто, вокалите од нивниот глас се шират
на непозната страна. Секој ден е малку крај на светот.

Превод: П. В.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото