Страшно губилиште за животни во Маврово

09.09.2017 12:58
Страшно губилиште за животни во Маврово

Во животот мој не очекував дека ова ќе го видам. Надвор од Маврово после ресторан Кораб има место каде од сите околни градови со комбиња фрлаат кучиња.

Во животот мој не очекував дека ова ќе го видам. Надвор од Маврово после ресторан Кораб има место каде од сите околни градови со комбиња фрлаат кучиња. Над 30 кучиња, скелети полуживи со отворени рани буквално се на место како град на заборавените. Пит бул со отворени рани, тукушто породена. Куче без крзно. Едно прегазено, уште 4 околу него. Едно удавено во река. Пудлица без крзно. Ни кажаа дека цело Тетово и Гостивар тука фрла. ВЕ МОЛАМ, најдете ми превоз еднаш неделно ќе им носам по вреќа храна, па ќе видиме што понатаму. Ова е лудо, ситуацијата таму е полоша и од Вардариште. Јадеа коски од мртви кучиња. Ве молам исконтактирајте ме! Кучињава се заборавени од светов! Кој сака да ми помогне нека ми се јави на 078282126

 

ОкоБоли главаВицФото