Кога ДПМНЕ спроведуваше десловенизација...

10.09.2017 17:51
Кога ДПМНЕ спроведуваше десловенизација...

Кога ДПМНЕ спроведуваше десловенизација, малкумина јавно укажувавме дека со тоа се негира и македонскиот јазик како јужнословенски јазик.

Не се сеќавам дека македонистите се бунеа кога Паско пред влада се фалеше со натписи на старогрчки. Ниту кога ставија натпис на Арената Филип втори со буквите од Каменот од Розета.

ДПМНЕ секојдневно го уназадуваше македонскиот јазик и го понижуваше ликот и делото на Блаже Конески, а го лустрираше и авторот на првиот роман на македонски јазик, Славко Јаневски. Македонистите молчеа и кога се укинуваа лекторатите и кога владата објавуваше нелекторирани текстови.

Никој не се побуни кога на Зебрњак се прославуваше посрбувањето на Македонија во 1912 и тоа на српски јазик и од заменик министерот за култура.

Но, кога новата влада вети унапредување на македонскиот и албанскиот јазик, македонистите јавно се побунија.

Им пречи што новата влада ќе го унапредува и албанскиот јазик во Македонија, а не им пречеше кога тоа го правеше владата на чело на Груевски.

Човек да помисли дека на македонистите им одговара грујоумието и молкот. Тогаш си имаа одлично алиби за да молчат додека се уназадуваше македонскиот јазик.

Но, зошто ли се бунат сега кога оваа влада ветува конкретни мерки и грижа за македонскиот јазик?

Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото