„Овде паѓаат крупни зборови“ #2

11.09.2017 02:23
„Овде паѓаат крупни зборови“ – писателски натпревар со куси раскази

На второто издание на книжевниот фестивал Друга приказна, што се одржа од 8 до 10 септември во Музејот на современа уметност, една од содржините која привлече најмногу внимание беше натпреварот „Овде паѓаат крупни зборови“.

Станува збор за т.н. натпревар со „едноминутни новели“, во кој учествуваа 20 автори од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска. Тие на отворена сцена во неколку елиминациони круга читаа свои кратки раскази, а веднаш потоа добиваа оценки (од 1 до 5) од жирито составено од Никола Гелевски, Искра Гешоска, Владимир Јанковски, Оливера ќорвезировска и Ѓорѓе Јовановиќ. За одличната атмосфера, со својот професионален но сепак лежерен и духовит пристап, придонесоа и водителите Биљана Гинова и Ѓоко Здравески. 

На натпреварот учествуваа следниве 20 писатели:
Сања Михајловиќ Костадиновска, Владимир Лукаш, Ѓорѓи Крстевски, Живко Грозданоски, Џанго Помалиот, Јасна Жмак, Калина Малеска, Вуле Журиќ, Иван Шопов, Рамадан Рамадани, Ана Стојаноска, Стефан Марковски, Ѕвездан Георгиевски, Теа Тулиќ, Александар Маџаровски, Неџад Ибрахимовиќ, Драгана Евтимова, Ермис Лафазановски, Будимка Поповска и Миклавж Комељ.

Меѓу осумте најдобро оценети раскажувачи се најдоа Теа Тулиќ, Јасна Жмак, Миклавж Комељ, Вуле Журиќ, Иван Шопов, Ѓорѓи Крстевски, Живко Гроздановски и Ѕвездан Георгиевски.

Во полуфиналето играа Теа Тулиќ против Ѕвездан Георгиевски и Иван Шопов против Ѓорѓи Крстевски.

Во финалето се пласираа Теа Тулиќ и Иван Шопов. Со само два бода разлика (23:21) победи Теа Тулиќ, писателка од Хрватска.

Фотографии: Жарко Трајаноски

ОкоБоли главаВицФото