Кој сум јас?

12.09.2017 13:24

Главата ми удира од ѕвездите.
Стапалата ми се на врвовите на бреговите.
Ги потопувам рацете во расклокотената пена на пранештата
и си играм со камчињата на судбината.
Наминував до пеколот и се враќав често.
Знам сè за небото, за што разговарав со Бог.
Си играм со крвта и со утробата на ужасот.
Ги запознав страсните грчеви на убавината
И чудесните буни на човекот секаде каде што му е забрането
да стапне.
Името ми е Вистина и сум најнедофатливата робинка
на сета вселена.

Превод: Ристо Лазаров

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото