Како да се обиколи светот со скромен буџет

29.07.2010 11:46
Како да се обиколи светот со скромен буџет

Друштвените мрежи последниве неколку години драстично го променија концептот на туристичките патувања и ни понудија сосем ново доживување во откривањето на различните светски дестинации.

Сè започна уште дамнешната 1999 г., кога се појави необичната интернет мрежа couchsurfing.org, сервис за изнајмување слободен кауч. Основачите на овој портал сакаа да им овозможат на своите членови да најдат бесплатно сместување во некоја од посакуваните светски дестинации: секој пријавен гостин, на неколку вечери, може од својот љубезен домаќин да „позајми“ вишок кауч или кревет. За само неколку години порталот се претвори во вистински друштвен феномен и денес има повеќе од два милиони членови од 238 земји.

Меѓутоа, ако не сте многу наклонети кон авантуризмот и спиењето на туѓи каучи, а сепак сте спремни да издвоите некој скромен износ за своето идеално сместување (на пример, за само педесетина евра да изнајмите цел апартман или стан во центарот на некоја интересна светска дестинација), идеално решение за вас е некоја од интернет страниците како AirBnB.com, iStopOver.com и Crashpadder.com… Сите тие нудат удобно и добро сместување кое е слично на хотелското, но со цени како оние во хостелите. Откако детално ќе го проучите понуденото, ќе сфатите дека се работи за приватни станови или соби кои можете да ги изнајмите како нормално хотелско сместување за неколку дена по поволни цени.
 
На пример, ако најдете класично хотелско сместување во центарот на Лондон за околу 100 фунти, вие сте вистински среќник, меѓутоа, ако ја посетите страницата Crashpadder.com, основана во В. Британија пред две години и која во својата база содржи повеќе од 59 земји од светот, идеална соба можете да најдете за само 20 фунти! А доколку вашето одредиште е Манчестер или Лидс, за соба во тие градови ќе издвоите помалку од 10 фунти. Бидејќи се работи за друштвени страници, по регистрацијата морате да изработите мала биографија со која ќе им се претставите на своите домаќини. Кога ќе го изберете идеалното сместување и својот домаќин, можете да прашате сè што ве интересира: треба ли да донесете свој пешкир, може ли да се донесат домашните миленичиња... Обично се плаќа на лице место, со кредитна картичка, дури откако ќе се уверите дека избраното сместување во целост ви одговара.
 
Една од најпопуларните и најстари страници AirBnB.com ја основале цимерите Џо Гебиа и Брајан Чески во 2007 во Сан Франциско. Во октомври истата година се одржувала голема конференција за дизајн, и иако сè било идеално организирано, се појавил голем проблем: сите хотели во градот биле полни со гости. Џо и Брајан дошле до идејата на непознатите туристи да им ја понудат својата соба, вкусен појадок и тура низ градот по многу поволна цена. Изработиле интернет страница, заработиле малку пари, склопиле неколку нови познанства и за само неколку години започнуваат прилично исплатлива дејност која во целост ги промени навиките на туристите.
 
Ќе издвоиме неколку од најпопуларните интернет страници за ваков тип туризам:
 
Страницата е основана 2007 г. во Сан Франциско и, освен што е една од најголемите друштвени мрежи кои нудат сместување, има и најмногу коментари од страна на корисниците. Нуди сместување во околу 5400 градови во 146 земји, почнувајќи од обични душеци на под до луксузни вили. Цените се движат од 10 долари за соба до 3000 долари за луксузните вили.
 
Порталот е основан пред околу една година во Торонто, а главно нуди сместување за време на големи настани како што се Олимписките игри или светските првенства. Нуди сместување во Северна Америка, Европа и Јужна Африка. Цените се движат од 10 до 8000 долари.
 
Страницата е основана во 2008 г. во Лондон, и главно нуди сместување во Британија, а посебно во Лондон за Олимпијадата во 2012 г. Цените се движат од 20 до 3000 долари.
 
Страницата која е основана во 2008 г. главно нуди сместување во Њујорк, а цените се движат од 30 до 5000 долари.
 
 
Хонг Конг, Кина, апартман од 65 квадрати, 150 долари дневно (балкон, посебен вграден плакар, безжичен интерет, целосно опремена кујна).
 
 
Санта Круз, Калифорнија, САД, дрвена куќа, 85 долари на ден за изнајмување на целата куќа.
 
 
Стејнмор, В. Британија, дворец од 1841 г., 10 спални, 8 бањи, 126 долари од лице.
 
 
Париз, Франција, 115 долари од ноќевање со појадок за две лица, целосно опремена кујна, безж. интернет, ДВД, камин, балкон.
 
 
Берлин, Германија, стан од 58 квадрати, две соби, 52 евра од вечер за две лица.
 
 
Превели, Австралија, куќа на плажа, 3 спални, две бањи, 650 долари за целата куќа.
 
 
Лондон, В. Британија, соба за едно лице, 30 фунти од вечер.
 
 
 
Чарлстоун, САД, ретро јахта, две спални, две бањи, 550 долари од вечер за 4 лица.
 
 
 
Мануел Антонио, Коста Рика, Боинг 727 претворен во хотел на дрво, три спални и необична тераса со поглед на океан, 400 долари за изнајмување на целиот „авион“.
 
Извор: pogledaj.to

Две карти за Калифорнија и

Две карти за Калифорнија и Чарлсто(У!?)н, ако може?! :)

евтино?!

евтино?!

Tiffany Jewelry, Tiffany

Tiffany Jewelry, Tiffany Necklace, Tiffany Earring, Tiffany Bracelet, tiffany jewelry tiffany co Tiffany sale links of london Tiffany Bracelets Tiffany Necklaces Online shopping for quality Links of London jewelry in the Jewelry store; the latest fashions in engagement rings, earrings, pendants, lockets links of london links of london Charms Links of London Earrings Links of london Necklaces