РАЗГЛАС - втор промотивен настан за Бош фест

12.09.2017 18:21
РАЗГЛАС - втор промотивен настан за Бош фест

МКЦ (плато), 15 септември (петок)
21.30 часот
влез слободен


Настанот Разглас е вториот промотивен настан за Бош фест што се одржува во Скопје оваа година. Музичката програма ќе биде поткрепена од господарот на римите, Дон Плеја и бендот од Белград Клопка за Пионира. Во едицијата Ремек-дела овој пат ќе биде претставен авторот Миле Ничевски, кој е автор на цртежот од постерот. На прашањето што всушност е Ремек-дела, Мариа Стојанова, дел од организациониот тим вели:

„Ремек-дела е едиција во која претставуваме наши и странски автори. Издавање на независни цртачи на сито печат, во различни формати. На првиот настан годинава кој се реализира во соработка исто со МКЦ, како дел од БОШ 9, го претставивме Кирчо Арсовски, кој беше автор на цртежот од постерот со наслов „Глас“, на овој е Миле Ничевски, на следниот во Гевгелија ќе ги видиме делата на Игор Хофбауер и Бруно Толиќ од Хрватска. Во план е печатена верзија во вид на книшка, во која ќе бидат застапени сите автори кои влегле во едицијата со неколку нивни цртежи.“

Клопка за Пионира се нојз-рок бенд основан 2003 година од Миле Мијатовиќ и Дамјан Бркиќ. Од снимањето на албумот „Додоле“, бендот настапува како четворка (Мијатовиќ – Бркиќ – Шимиќ – Lenhart), развивајќи специфичен сопствен музички израз базиран на импровизација, бучава и „соработка со луѓе и машини“. Музиката на бендот често се опишува како неприфатлива, главно поради прекумерната бучава, дисонанца, непријатните вокали, како и непријатните теми за кои текстовите зборуваат. Клопка за пионира на БОШ ќе го промовираат и аудиофанзинот „Нервни гас из звучника“.

Гости на настапот на Клопка за пионира ќе бидат господарите на bitchez and rhymes – Donplaya, заедно со Bonpraskiza и DJ Inomatic.