Живот снимен од милион различни перспективи

29.07.2010 12:20
Живот снимен од милион различни перспективи

Најновиот филмски проект на режисерот Ридли Скот и Кевин МекДоналд ќе го прикаже разновидниот живот на нашата планета. Филмот ќе има илјадници протагонисти, а го снимија милиони различни камермани за само еден ден.

„Кога некој во иднината ќе го види филмот ’Life in a day’ (Животот во еден ден), ќе може точно, како со времеплов, да дознае како на планетата Земја се живеело на 24 јули 2010 година“, изјави познатиот режисер Кевин МекДоналд, објаснувајќи го својот најнов филмски проект. Овој филм би требало да го сними не само со филмскиот колега Ридли Скот, туку и со помошта на милиони сопственици на камери низ целиот свет.

Овие двајца режисери ги повикаа сите оние (постари од 13 години), до 31 јули годинава, преку интернет порталот ЈуТјуб да им испратат свои видео снимки на кои снимиле – сешто. Нема ограничувања; од погледот од прозорот на спалната соба кон улицата, појадок на трева или во кревет, снимки на море, домашни миленичиња, преку подготвување ручек, шетање, па сè до снимки на обичните и секојдневни предмети. Дури и должината на самиот филм не е ограничена, а не е битен ни јазикот на кој ќе се зборува на снимките. Единствениот услов е – видео записот да биде снимен на 24 јули овој месец.

„Се разбира, можеби ќе добиеме снимки кои воопшто не се интересни, ама некако не веруваме во тоа. Животот е интересен, а доколку е снимен со приватна, аматерска камера, автоматски добива на привлечност, како да е снимен низ клучалка“, вели МекДоналд. Ветува дека во секој случај, кога филмот ќе биде готов, секој оној чија снимка ќе се најде на филмот, ќе биде запишан со име и презиме на одјавната шпица како соавтор.

На кој начин овие два режисерки мајстори ќе ги поврзат сите тие секвенци во некоја визуелна приказна, допрва треба да видиме. Според најавите, тоа ќе биде за отприлика една година.

Извор: deutsche welle

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото