Тивок свет

13.09.2017 14:46

Во обид да ги натера луѓето
да се гледаат
почесто очи в очи,
владата одлучи
да му одобри на секој човек точно сто
шеесет и седум зборови дневно.

Штом заѕвони телефонот, ја кревам слушалката
без да речам ало. Во ресторан
покажувам со прст кон пилешката супа,
добро се прилагодувам на новото правило.

Доцна ноќе ѝ се јавувам на мојата далечна љубена,
и гордо ѝ велам
Искористив само педесет и девет денес.
Другите ги сочував за тебе.

Штом таа не ми одговори
знам дека ги искористила сите свои зборови,
па тивко шепотам Те сакам
триесет и два и пол пати.
Потоа стоиме така на линија
и слушаме како другиот дише.

Оригиналната песна

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото