1020 hPa
93 %
8 °C
Скопје - Пон, 14.10.2024 05:59
Во Скопје се појави џиновски леб за сиромашните.
Активисти и уметници, денеска со поставување на скулптура на леб во паркот кај зградата на Службен весник,потсетија на сиромаштијата во земјава и побараа конечно да почне да се намалува.
„Леб за сите“ е порака и потсетување за политичарите и јавноста, дека им е потребен на 450.000 граѓани на земјава кои влегуваат во стапката на сиромаштија од 21,5 отсто.
Дополнително се потсетува и дека вкупно 70.000 луѓе можат да си дозволат само три достојни оброци неделно, додека над 100.000 луѓе преживуваат со 100 денари дневно.
Слични скулптури во изминатиот период урбаните уметници поставуваа на теми кои се од интерес на граѓаните.
Неодамна се случи слична уметничка акција насловена „Поддршка за птиците во Скопје“ која имаше цел да алармира на сè поголемиот број исечени дрвја во градот (градското зеленило е намаледно за 40% за само 8 години). Тоа, освен на загадувањето и уништувањето на амбиенталните вредности на градот, влијае и на севкупниот биодоверзитет во градот.
Конкретно, со уништувањето на старите и возрасни дрвја во градот не само што се уништуваат долгогодишните постоечки гнезда на птиците туку тие многу често немаат место за гнездење.
Според податоците од еколошките здруженија голем број птици како славејот, песнопојките, клукодрвците, ќосот и слични благородни птици се пред исчезнување во градот заради уништување на нивниот хабитат.
Акцијата беше спроведена во соработка со птиците од Скопје.