Мафија на робија!

14.09.2017 00:08
Мафија на робија!

Владата на Грујокио буквално обезбедувала плати за вработените во „странските инвестиции“ со буџетски пари, ако е точно дека во просек по 11.000 евра се давале за едно работно место.

„Странските инвеститори“ ем експлоатирале, ем влечеле профит ослободени од даноци, ем добивале огромни субвенции. Тука смрди на невидено мито и корупција.

Притоа, владата поарчила стотина милиони евра на „промоција“ и „привлекување“ (шетање ширум светот).

Ова ќе испадне дека е најголемата кражба на наши пари по „Скопје 2014“.

Со наши пари ем ги плаќале вработените, ем се шетале по светот, ем се фалеле дека сме 4-та економија во Европа, ем им овозможиле огромен профит на експлоататорите од кои најверојатно добивале и мито.

И сето тоа го прогласиле за „top secret“, за никој да не знае.

И никогаш немаше да ги дознаеме деталите од овие мафијашки зделки ако не ги сменевме од власт.

Затоа, не е доволно само да се обелоденат штетните договори.

Потребно е веднаш да се поведат кривични постапки против мафијашите кои склучувале штетни договори во наше име со кои го оштетиле буџетот за стотици милиони евра!

Мафија на робија, а украдените пари да се вратат кај граѓаните!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња