Дерман да се немало од мрчатори!

18.09.2017 11:54
Дерман да се немало од мрчатори!

Да не ставеа никој од ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ќе мрчеа - ете ги искористија децата да дојдат на власт и после ги фрлија како куртон!

Ставаат луѓе од ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА мрчат - еве ги за што протестирале, за фотељиии!!!

Не ставаат од СДСМ - членството и базата вријат, се ставаат пак само Груевци и неутралци, ние за што гиневмеее!!!

Ставаат и од СДСМ - еве партизацијаааа, исти сеееее!!!!

Ставаат млади и квалитетни - кои се бе овие жутокљунции, пак ли Диме Спасооов?!

Ставаат стари и искусни - до кога бе со овие фосили, кај се младите, нив никој ништо не ги прашува нити ги есапииии!!!

Ставаат професори - каде се бе луѓе од праксата, само теоретичарии кои никад плата не поделиле и не знаат фактура да напишааат!!!

Ставаат бизнисмени - еее до кога со милионери и олигарсии, исти сееее!!!!

Ставаат на чело на финансии нај хард кор левичари во земјава, само Здравко и Апасиев се полеви од нив ама па тие се дирек кај Маркс у тоа брадата начукани - ЕЕЕЕ види ги Данска зборат, ништо не знаат, праат лапсуси, несигурни се некако, не ги биваааа!!!

Не брка никого од администрација - ЕЕЕЕ до кога со толкава администрација, ќе банкротирамеее!!!

Вели дека сепак ќе бидат некои отпуштени ако не покажат доволно добри резултати - еве го ќе бркааа на улицааа!!!

Значи дерман да се немало од мрчатори, го жалам Заев, да не си му у кожа!!!

Слика: Свирачиња