Љубиша Самарџиќ Смоки (1936 – 2017)

18.09.2017 14:44
Љубиша Самарџиќ Смоки (1936 – 2017)

Нè напушти Смоки, Црни Рок од „Дивите свињи“, си замина филмскиот партизан кој уништи повеќе нацисти од Тито, легендарниот Боривоје Шурдиловиќ од „Топол ветер“, карактер кој подобро од кој било друг го отелотворуваше она што некогаш беше една земја. Шурда на Љубиша – лик што го смисли Синиша Павиќ, а тој му вдахна живот – беше универзална метафора за „Југословен“ и како таков, нашиот Грк Зорба.

Шармантен, лежерен, главно добродушен тип кој во десетте епизоди на серијата „Топол ветер“ е во потрага по сопствениот професионален идентитет и одбива секаков компромис додека не го добие тоа за што сонува, беше неподносливо шармантен давеж. Уште додека беше жив, напишавме дека Шурда е „таксист што ги вози само оние клиенти кои му се допаѓаат; бербер што си пилегнува секогаш кога ќе му падне притисокот, па мора да се напие кафе; негувател на кучиња кој дава отказ затоа што ги мрази сопствениците хомосексуалци...Накратко, едно невозможно, разгалено уметничко суштество што не може да работи нешто што не го прави вистински среќен. А бидејќи во животот тоа така не оди, Југославија, се разбира, пропадна, зашто со такви таксисти, келнери, бербери, политичари – накратко „поети на сопствениот живот (Стефан Цвајг) - ниту една држава не може да опстане...“

Љубиша Самарџиќ беше великан на една сериозна кинематографија. Ниту ќе има повеќе такви ѕвезди, ниту галаксии. Ќе живее вечно како потсетник на скудноста и затвореноста на нашите рамки. Му благодарам за тоа што нашите убави и безгрижни детства и младости ги направи уште поведри и ни даде надеж што ни ја одзедоа нашите зрели години.

Извор:https://www.portalnovosti.com

Слични содржини

Општество / Балкан / Филм
Општество / Европа / Балкан
Општество / Европа / Балкан
Општество / Европа / Балкан
Општество / Балкан / Историја
Европа / Балкан / Историја

ОкоБоли главаВицФото