Запуштен пејзаж заживеал поради 12.000 тони фрлени лушпи од портокал

19.09.2017 00:22
Запуштен пејзаж заживеал поради 12.000 тони фрлени лушпи од портокал

Научници доживеале вистинско изненадување кога сфатиле дека експериментот кој започнал во 1990-тите, но од кој брзо се откажале, всушност успеал.

Имено, планот настанал во 1997 кога научниците Вини Халвакс и Даниел Јанзен од Универзитетот Принстон му се обратиле на произведувач на сок од портокал на Костарика. Тие смислиле план со кој сакале да го оживеат сиромашното тло во еден национален парк. Ако компанијата Дел Оро се согласи да донира дел од своето земјиште, ќе ѝ биде дозволено бесплатно да истовара отпад од кори од портокал на неплодно земјиште во паркот. Компанијата го прифатила предлогот и истоварила околу 12.000 тони кора од портокал на договореното место. Органскиот отпад е богат со хранливи материи и веднаш почнал да делува на плодноста на земјата.

И покрај ветувачкиот почеток, експериментот не траел долго. Конкурентска компанија го обвинила Дел Оро дека го уништува паркот. Судот се согласил и експериментот морало да биде прекинат. Бил заборавен во следните 15 години. Меѓутоа, во 2013 екологот Тимото Троер од Принстон одлучил да ја прегледа локацијата поради друго истражување. Проблем било таа да се пронајде, зашто научниците барале напуштено и неплодно земјиште. На тоа место наишле на густа џунгла.

Во споредба со соседното подрачје на кое не биле фрлени кори од портокал, на ова место се создало богато тло и израснале повеќе видови стебла. Посебно е интересно стеблото на една смоква која е толку големо, што дури три лица можат да го опфатат со рацете.

Никој не е сигурен како корите од портокал можеле така ефикасно да го регенерираат земјиштето во период од 16 години. Претпоставуваат дека се случил некој вид синергија помеѓу потиснувањето на инвазивните треви и регенерација на осиромашеното тло.

Научниците се надеваат дека овој експеримент можеби ќе инспирира и други проекти за зачувување на земјиштето, но не во смисла компаниите да го исфрлаат својот отпад каде што сакаат.

Извор: geek.hr

ОкоБоли главаВицФото