Политички пораки до Трамп од модната писта

19.09.2017 01:26
Политички пораки до Трамп од модната писта

Хиџабот и абаја-фустаните зазедоа централно место на модната писта во Њујорк, бидејќи индонезиските дизајнери започнаа со разноликата модна недела, надевајќи се дека ќе ги променат предрасудите на запад.

Американските медиуми пренесуваат дека модната индустрија сѐ повеќе добива политичка улога со оглед на тоа дека се труди да ја претстави разноликоста и прифатливоста на муслиманските стилови на облекување во земјата во која претседател е Доналд Трамп.

Дизајнерката Диан Пеланџи изјави дека целта е да му се покаже на светот оти жената може да биде убава и елегантна со хиџаб. Слични пораки испрати и дизајнерката Виви Зубеди, која се осврна на политиката на американскиот претседател кој се обидува да ја ограничи имиграцијата на муслиманите.

„Претседателе, ја сакаме вашата земја и вашите луѓе. Нема да ви направиме ништо, ниту на вашиот народ. Сите сме исти. Станува збор за човештво“, изјави Зубеди.

Оваа дизајнерка од Џакарта истакнува дека има многу клиенти од САД, порачувајќи дека хиџабот е преубав и дека на крајот на краиштата сите сме луѓе, без оглед на религиската припадност.

Извор: The Guardian

ОкоБоли главаВицФото