Народни загатки

20.09.2017 00:16
Народни загатки

Главата му ја отсекле, срцето му го извадиле, му даваат да пие, му заповедаат да зборува.
(Гускино перо)

 

Малецок гроб по светот се шета.
(Фенер)

 

Пие солза, а самата молчи.
(Перница)

 

Сред темна темница убави девојчиња, без игла, без конец, везат везови.
(Пчели во кошница)

Кој ги знае сите јазици на светот?
(Оддекот)

 

Жива земја со мртвата господари.
(Човек)

 

Змија оган на врв глава гори, а пашата во опаш ја љуби.
(Луле)

 

Пружив златна жица преку белиот свет, па ја свиткав во ореова лушпа.
(Очен вид)

 

Голем ко глава, лесен како перо.
(Меур)

Еден вели: да лежиме; друг вели: да стоиме; трет вели: да трчаме.
(Пат, меѓник и ветар)

 

Лежи дрво без гранки, кон него лета птица без крилја, доаѓа девојка без уста и ја јаде птицата без крилја.
(Земја, снег и сонце)

 

Златна топка крши сребрена тврдина.
(Сонце и лед)

 

Глеј, јаде, а уста ни стомак нема,
и дрвјата и сè живо храна му се.
Го нахраниш ли - оживува и ојачува,
а само вода ако му дадеш - умира веднаш.
(Оган)
Загатка од „Илјада и една ноќ“

 

Тој иде, иде, иде -
никој трагата не му ја виде;
одејќи реже, сече -
а никогаш крв не тече.
(Мраз)
Ј. Ј. Змај


Слики: Tyson Grumm

Подготвил: П. В.

ОкоБоли главаВицФото