Дали известувањето за тероризам создава тероризам?

20.09.2017 00:39
Дали известувањето за тероризам создава тероризам?

Резултатите на студијата се повеќе од јасни: ние новинарите имаме моќ со своето известување да одлучуваме за човечки животи, се наведува во анализата за известувањето за тероризмот на Дојче Веле.

Како што велат, новинарските извештаи можат да убијат. И тоа кога се известува за терористиките напади со слики од жртвите и сторителите, шпекулациите за мотивите на нападот и неговата позадина, емотивниот избор на зборови, а најдобро е ако сето тоа е на насловната страница или во телевизиски пренос, во живо.

Мајкл Џетер, експерт за медиуми од Универзитетот на западна Австралија во Перт, со години се занимава со истражувања во областа на симбиотичката врска помеѓу медиумите и тероризмот. Во неговата, неодамна објавена студија, амализирал 61 000 терористички напади, во периодот од 1970 до 2012 година, во повеќе од 200 земји и ги поставил во врска со размерот на известувања во американските Њујорк Тајмс. Резултатот од истражувањето ја потврдил хипотезата дека бројката на терористички напади е во корелација со интензивните медиумски написи.

Секој дополнителен извештај за терористичкиот напад го зголемува бројот на напади во следната недела за 1.4. Дали е тоа навистина така? Џетер направил тест: Се гледа дека во деновите кога се известува за ураганот, а не за Ал Каеда, наредната недела има помалку напади“, вели тој. Една од можните причини е едноставната психологија.

Може да станува збор за тнр. Вертеров ефект, кој води од еден во друг напад. Социологот Дејвид Филипс, овој поим, го воведе во 1970 година, инспириран од романот „Страдањата на младиот Вертер“ од Гете. Главниот протагонист си го одзема животот заради неостварена љубов и уште тогаш, во 18-от век, многумина го имитирале.

„Под поимот Вертеров ефект се мисли на феноменот според кој бројот на самоубиства меѓу населението фрапантно расте ако во медиумите проминентно и сензационалистички се известува за самоубиство“, вели Бенедикт Тил, психолог од Медицинскиот факултет во Виена.

Тоа особено важи кога самоубиството се опишува во детали. Или мотивите на самиот чин (самоубиство заради развод или долгови) што станува предмет на најлоши шпекулации. „Сето тоа има многу потенцијал за идентифијација“, вели Тил, научникот што се занимава со истражувања на сомоубиствата. Дури и фотографиите на семејството што жали по оној што извршил самоубиство можат да ги поттикнат потенцијалните „имитатори“.

Се разбира дека сензационалистички напишаниот новинарски текст нема да ги натера луѓето, што не се во криза, да извршат самоубиство. Но, за некој што размислува да се убие и кој е веќе во „суицидален развоен процес“, медиумските написи можат да бидат капката што ќе ја прелијат чашата.

Но, кога станува збор за самоубиство, новинарите знаат колкава е нивната одговорност. Новинарскиот кодекс сугерира „воздржаност“ при известувањето за самоубиство, но таква директива, засега, не постои кога се работи за терористичките напади. А последиците се фатални.

„Веќе постојат првични истражувања кои укажуваат дека терористичките напади се имитираат. Значи, кога во медиумите интензивно се известува за терористички напади или за крвопролевања, тоа доведува до други напади“, вели Тил. Кај веќе радикализирани личности, но кои до тој момент биле амбивалентни, медиумските извештаи би можеле да бидат токму таа капка што ќе ја прелее чашата. Американските колеги на Тил изработиле нацрт на кодексот за новинари кои известуваат за масовни убиства. На германските новинари, досега им недостасуваше ваков вид ориентација, пишува Дојче Веле.

Не само што е важно како се известува за терористичките напади, туку и колку. Тоа е јасно потенцирано во студијата на Мајкл Џетерс. „Би требало кавантитативно помалку да известуваме, тогаш ќе гледаме и помалку напади“, вели експертот за медиуми. Тоа значи не само помалку фотографии, помалку воведни написи, помалку емоционални зборови, туку тоа значи и генерално помалку текстови, тврди тој.

Џетер има уште една теорија за причините заради кои поголемиот број новинарски текстови доведуваат до повеќе напади. „Тоа би можело да биде сосема рационален план на терористичките организации кои го користат моментот на огромното медиумското внимание и едноставно, заради тоа извршуваат повеќе напади“.

Без оглед дали се работи за Вертеровиот ефект или за рационално планирање, секој новинарски текст на терористите им обезбедува внимание по кое тие копнеат.

Извор: DW

ОкоБоли главаВицФото