Сонце

21.09.2017 11:40

В старо предградие кајшто врз куќите лемни
висат пердиња што кријат блуд и страсти темни,
додека остро зраците сончеви се леат
врз градските покриви, врз житата што зреат,
јас во едно мечување чудно ќе се впуштам,
по рими ненадејни низ ќошиња ќе душкам,
и, сопнат врз зборот како врз калдрма стара,
ќе наоѓам стихови што насон сум ги барал.

Сонцето-хранител што бледилата ги гони
буди низ поле ружи, а и стихови со нив,
ги брише сите грижи и сите мисли болни,
главите и кошниците со медот ги полни.
Сакатите одново ги прави тоа млади,
да бидат како девојки со веселост в гради,
на посевите им дава заповед да ’ртат
во цветното срце што не ја познава смртта!

Кога, како некој поет, ќе слезе во градот,
во најгрдите нешта ќе влее тоа радост,
ќе влезе низ сите - како крал без свита - врати,
во сите гнасни болници, во сите палати.

Превод: Влада Урошевиќ

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото