Граѓаните во Скопје маршираа за чист воздух

22.09.2017 09:37
Граѓаните во Скопје маршираа за чист воздух

Коалицијата за чист воздух О2 и првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ заедно со уште 18 граѓански и невладини организации, вчера попладне во Скопје одржаа мировен марш за чист воздух.

Маршот започна пред владата, а потоа граѓаните продолжија по булеварот „Илинден“ и булеварот „8 Септември“ каде се споија партнерските граѓански организации „Ние сме Карпош 4“ и „Карпош 3“ кои исто така одржаа мирен протест.

„Сметаме дека токму овој период е исклучително важен за да се чуе гласот на граѓаните кои буквално, во сите поголеми градови во Македонија, Скопје, Тетово, Битола, Кичево, Струга, Куманово, Кавадарци... директно ги чувствуваат последиците на токсичниот воздух“, велат од коалицијата О2.

Во продолжение, претставуваме фотографии на Небојша Гелевски од протестот.

ОкоБоли главаВицФото