Јас не го заборавам Мексико

22.09.2017 09:53
Јас не го заборавам Мексико

Некаде ова време, у таа 1963 година, неколку месеци по катастрофалниот земјотрес у Скопје, у тогашното школо Ѓуро Салај (сеа не знам како се вика), сите дечиња нѐ собраа у едeн од хангарите кои ни беа училници.
На вратата се појавуе директорот.
Помошниците, наставниот кадар и служителките носат картонски кутии.
- Ова се подароци од Лопез Матеос - ни вели директорот.
Глеаме ко млади пилиња у сијалица и у чудило (нешо као чудење и лудило) се прашуеме: Кој ли е тој чичко?
Директорот беше паметно чоече и знаеше дека инфрасктруктурно сме слаби, пошо неаме петља, па ни објасни:
- Лопез Матеос е Претседателот на Мексико, голем пријател на нашата земја.... итн. итн.

Почнаа да ни ги делат пакетите на кои дури беше обележано кој е за момчиња а кој за девојчиња. Си го добив својот. Поголем подарок не сум добил за моите 10 годинчиња.
Внатре од пиле млеко. Па тоа пенкала, моливи, боици, тетратки, џамлии, обувки, блузички... И? Оп! Машничка!
Разочаран у пизду материну. У мушки пакет, машничка за девојче, за у коса. Се разочарав скроз! Солзи ми навреа на очи. Мене ли, најфраерот у одделение, по кое се загледуеше и една Мимоза, најде да ми падне машничка за у коса? Тибам животот!
Се враќам дома. Родителите воодушевени од содржината на пакетот.
- Лелееееее, и лептир машна имаш! - цела радосна извикува мајка ми... Ќе ти ја стаам коа ќе ги зимаш оценките на полугодие.
Шо? Не е женска машничка за у коса? Јеееее... Ми олесна.
Ќе падне на г`з Мимоза коа ќе ме види у лептир машна.

П.С. Ете, јас се сетив, ко шо се сетија и тие во тешките моменти на нашиот град. Сетете се и вие на трагедијата шо деноиве ја задеси оваа земја!
Јас не заборавам.

Едно нивно дете сакам да се радуе на мојот подарок, ко шо се радуев ја на нивниот. Ќе инсистирам на лептир машна, да си знаете!

Извор: Фејсбук профилот на авторот

ОкоБоли главаВицФото