Пристапница до ВМРО

30.07.2010 13:47
Пристапница до ВМРО

Како партијата ги филтрира своите брилијантни кадри? Со пополнување пристапница. Во две продолженија ги објавуваме четириесетте прашања и одговори од пристапницата.

Би сакал да бидам член на ВМРО затоа што:

а) Македонија ја гледам како партија
б) имам кејф
в) онака

На размислување за членство во ВМРО ме наведе:

а) независноста на земјата
б) незаситноста на фамилијата
в) цртаниот филм со Пајо Паторот и двата мексикански папагали кои свират гитари и ја пеат песната
Los tres caballeros

Македонија ја гледам како:

а) земја разделена на три дела
б) место каде што стоеле нозете на Господ кога фрлал земски дарови, та ништо не паднало овде
в) прапостојбина на амебите и Македоноидите

Моите скриени мотиви за да бидам член на ВМРО се:

а) имам одлична маркетиншка агенција, ама слаба реклама
б) другар ми е толку богат што не мора да го лиже поклопецот од еуро-кремот; сакам и јас така
в) да се уверам дека очите не ме мамат овие четири години; сакам сите сетила да уживаат

Како член би сакал да се активирам во:

а) јавно претпријатие
б) јавна куќа
в) јавен сервис

Сметам дека пастирот има:

а) визија
б) нулто ниво на политичка имагинација
в) телевизија

Некои сметаат дека ВМРО е:

а) фамилија
б) воена организација
в) здружение на неспортски риболовци (оние што не го пуштаат уловеното)

На чело на ВМРО би сакал да го видам:

а) суштеството од Роузвел
б) Александар Македонски
в) Никола Груевски, доживотно

Кој не би можел да биде член на партијата:

а) Љубомир Фрчковски
б) Алф
в) Џорџ Мајкл

Во партијата би сакал да се занимавам со:

а) трансцендентална медитација
б) агенција за спорт и млади
в) борба против хомосексуалци и други предавници

ЦК на ВМРО треба да го промени името:

а) колективно несвесно
б) Олимп
в) Балон на вампири

Логото на партијата треба да содржи:

а) антички мотиви
б) ликот на Паско Кузман на аверсот, а на Никола Груевски на реверсот (може и обратно)
в) ликот на Бога, т.е. на првиот Македоноид

На партиските конвенции треба да се истакне:

а) црешовото топче
б) камата, пиштолот и книгата
в) ножот во грбот

При влегувањето во ВМРО треба да се исполни:

а) Роршахов тест
б) ветувањето кон мама
в) вуду ритуал контра лицето Б. Ц.

Како го гледам типичниот член на ВМРО:

а) како низ магла
б) двојно
в) како припадник на виша раса

Љубчо Георгиевски за мене е:

а) вагина во душа
б) сува крпа на дно море
в) on.off.кукличе

За Бранко Црвенковски треба:

а) мачки да го цицаат и на глава да му мјаукаат
б) жаба да го помоча
в) да му се бапне помија у физиономија

Да го немаше ВМРО јас ќе бев:

а) конспиратор од пред гранап
б) десно сметало
в) комуњар

Партијата треба да се води од збиени мудрости од типот:

а) Ако не можеме да го промениме светот, да ја промениме биртијата!
б) Зошто кучето мавта со опашот? Оти е поумно од опашот. Да беше поумен опашот, тој ќе мавташе со кучето.
в) Зафатено, Македонци!

Добар слоган на ВМРО за идните избори би можел да биде:

а) Немаме демократија. Сакате нешто од скарата?
б) Ќе победиме, па макар сè изгубиле.
в) Кој не е со нас, ќе дојдеме по него.*

*трите афоризми се преземени од обновениот „Остен“

втор дел

Ајде кој ќе го состави ова во

Ајде кој ќе го состави ова во еден ФБ квиз :)

 Шегата на страна и малку (но

 Шегата на страна и малку (но не толку многу) надвор од темата:
Во Крушево при отворањето на етно-град манифестацијата, современите востаници давале заклетва на оригиналните кама и пиштол од 1903 !!!  кои недостигаа во музејот при мојата последна посета. На чудењето од сите посетители до кустосот (една бабичка пред пензија) како си дозволиле со музејски експонати да си прават фестивал, ни рече „Аааа, па дека од Владата  имаше присутни, ми ги побараа и што да правам“...
тажно, многу тажно...
Грижата за историјата и наследството е само на ниво на парада...
да не зборувам во каква состојба се музеите во Крушево, а се организира етно-град...И малкуте експонати што ги има градот- пропаѓаат заради негрижа, автентичната архитектура- исто така. Освен луѓе во костими -посетителот реално и нема што друго да види...

Ако еден колега на работа е

Ако еден колега на работа е сомнителен по однос на вистинитоста на воодушевувањето од ВМРО:
а) Му местите кражба на документи и потоа го давате на дисциплинска.
б) Го именувате претседател на тендерска комисија, тешко нему ако не знаае кој треба да добие.
в) Му пуштате песни од Војо Стојановски

Ако еден колега на работа е

Ако еден колега на работа е сомнителен по однос на вистинитоста на воодушевувањето од ВМРО, II дел:
а) Му давате да сработи повеќе работни задачи за наредниот ден, и потоа барате да ви се јави да ве извести дека завршил, од фиксен наместо од мобилен телефон.
б) Го каните на доручек и внимателно следите дали ќе порача грчка или шопска салата.
в) Го прашувате да ги наброи по име Гемиџиите и да го каже процентот на ТХЦ во конопот.

Која е најдобрата работа што

Која е најдобрата работа што сте ја слушнале за ВМРО
а) Откако срушивме се’, создадовме предуслови за темелна обнова.
б) Нема кој да попушти. Паметните збришаа од земјава.
в) На младите светот (за)останува.

Која е најгрдата работа што сте ја слушнале за ВМРО
а) топла материца за инкубација на политичко ѓубре
б) базичен внатрешен разнебитувач на Македонија и Македонците
в) фамилијата е коза ностра

wtf?

 Ова треба да е смешно?

ne....ova e tragikomedija

ne....ova e tragikomedija steta nema pisateli od tipot na Nushik da napisat nesto satiricno

Не сте викнат на вообичаената

Не сте викнат на вообичаената петочна вечера со раководството на вашата партиска ќелија. За да ја поправите работата, на шефот му подарувате:
а) Фототипско издание на Каменот од розета со посвета од проф Тентов.
б) Отисок од стапките на Св Павле во бронза, најдени до бунарот кај Паљурци.
в) Примерок од лимитираното издание на Патеписите на Александар Македонски, тајно пренесени од делегацијата на Хунзите.

Ha ha ha !!!

Ha ha ha !!!

Да, ама Ха, ха, ха!!!

Да, ама
Ха, ха, ха!!!

 А да напишеше после викендов

 А да напишеше после викендов одморен може и ќе имаше нешто смешно. Вака е очајно, верувај дека дури и во подмладокот на СДС ќе смислеа нешто позабавно.

вмро - тешка интелектуална

вмро - тешка интелектуална инфериорност и фрустрација. интернет јадници, што по подруми и дувла штанцаат миљарда коментари чиј единствен заеднички именител се - бедата и мизеријата. хејтање, арбитрирање, етикети - само тоа. фантазија, креативност, хумор - никс. што зборам, абе писменост никс! и со таа стратегија било кој човек што има два молекула сива маса за вјеки вјеков кида од интернетов и им го препушта теренот на идиотите. фино пишуваше негде горе: оти паметните збришаа не се наоѓа некој паметен да попушти. и она дека светот заостанува со младите. каква проклета беда ебате - ВМРО! беда и да си му непријател, толку е одвратно тоа дно и тие дувла. така што, разбирам зашто никој не влегува во дијалог со јадниците од дувлата... мада, земјата наебува, од ден на ден, се’ повеќе, оти шапшалите си се раскомотени, насекаде... Иш бре морони! Идите од шефот-ретард Протоѓеров да земете нови инструкции! Тешка земјава што ја држи вашта глупост&нааканост!

 ne e interesno ova.

 ne e interesno ova.

zosto, o zosto......ne samo

zosto, o zosto......ne samo sto ne e smesno, tuku gi potcenuva i navreduva lugjeto sto ja posetuvaat ovaa stranica

За мене ВМРО  е: а) Модерна

За мене ВМРО  е:
а) Модерна демохристијанска партија која убедливо се етаблира на лепезата на европската десница.
б) Клуб на успешни млади луѓе кои, гледајќи го Дон Џонсон и Глорија Естефан, од деца сонувале еден ден да живеат на Флорида.
в) Конечна материјализација на вековните стремежи на македонецот да биде турчин наместо турчинот.
 
 
 

Омилената девиза за тебе

Омилената девиза за тебе е:
 
а) Напучи ги или че те напучат.
б) Волкот има дебел врат зашто сам си ги коле јагнињата.
в) Еврото

Ако е глупо или неписмено -

Ако е глупо или неписмено - од ВМРО е. Глејте му го клучниот збор на Манонимен: напучи. Тоа никој не знае што значи, освен можеби него, кутриот. Можеби мислел: напупи? Во смисла: начука? И тие мувлосани и одвратни фигури од типот врат, колење, јагниња - непогрешиво го откриваат неумоливо сељачкиот (а мрачен, фрустрантен, многу често психопатски) профил на ВМРО.
Второ, сте приметиле ли дека ретардите користат две-три матрици, вкупно, во своето засерување/помочување на медиумскиот простор? Една од најсмешните матрици е коа некој вмровски шупак, стаорец од дувлото, ти кажува дека е нешто под ниво и вреѓа некаков вкус итн. Деновиве дури бамборат и од говорници дека опозицијата, види молим те, шири говор на омраза и се однесува непристојно (се’ тоа Гоца ќе среди сас пендрек и сас Михајлота звани дисциплинска мера). Ви се веруе ли?! Партија чија едина идеја е мржња-мржња-омраза, партија која цели 3 и по години најжестоко хејта на сите можни рамништа (од култура, медиуми, нво до хардкор политика, а притоа предводникот на тој неконтролиран говор на омраза е лично пастирот), сеа сака сите идилично да се смириме и да бидеме конструктивни и помирливи, ни више ни мање.
Ко секоја мафија што доаѓа во фаза да ги легализира дрпнатите пари, така и сеа ВМРО ја презема - види молим те - добро познатата умртвувачка политика на СДСМ (која ја ишутиравме, разбира се, 2002/6, зашто беше одвратна). И сеа, после 4 години лудуење до бесвест и спичкани минимум десетина милијарди евра, црни Грујица се упристојуе, демек созрева, не е више копиљ, и он сеа ќе стануе државник, а богами и сите овие штакорски размножени коментаторчиња ќе треба да го праат истото, „да држат ниво“ јеботе! Каква мочана фарса! „Зрелиот“ Грујо и ВМРО доаѓаат на дереџето на Црвенковски од 95-98 (дното на Црвенковски, коа изиграваше ист таков мангуп ко што сеа изиграва кретенската политичка фигура на Груевски).
Ко што е речено горе: јадна е земјата што ја трпи тежинава на идиотиве...

Адреналина, можеше и да

Адреналина, можеше и да подразмислиш па да сватиш дека ја дополнувам пристапницата. Значи читај го прашањето како дел од пристапницата. Тогаш ќе ти стане појасно во кој контекст е дадено и кому се обраќа. Со реакцијава ми даваш комплименти. Значи добро сум ги фатил во начинот на размислување. Сепак, мора да признаам дека ова првото го имам чуено од еден изворен член од Тиквешијата.

Rick Roll

Во додатокот

Во додатокот „Сега“ една новинарка во колумна напиша дека 50 евра е дневната тарифа на партиско-владините глувци што хараат по интернетов. Така што, грешат тие што зборат дека штакориве работат за сендвич. Иначе, не знам која количина на гомненца треба да ја дисеминираат за 50 евра и со што ги хранат за такво лајнено производство, но врховниот лајнаријанец Протоѓеров (нагалено звани Гебелс) слушам барал од лајнаријанците да запнат уште поударнички...

Сви сте ви комунисти прављени

Сви сте ви комунисти прављени на калуп исти. Смрт(политичка разбира се) за Бранко слобода за Македонија.

Последниов

Последниов „антички“ коментатор под ник „Его“ (кој иронично произлегува од грчкиот јазик) ја цитира песната „Комуњаре“ на великосрпскиот четнички пејач Баја Мали Книнџа, види линк: http://www.youtube.com/watch?v=NQ_ejG2dS4U
Аферим бе ВМРО-овци, Баја Мали Книнџа и тоа баш на Илинден! На чест нека ви служи! Но не ме изненадува, пред некое време масовно се собравте на Пиво фестот во Прилеп на концертот на Цеца, инаку сесрдно поддржан од вашиот градоначалник Марјан Ристески.

А за Бранко ме боли кур.

   Држава која не може да се

   Држава која не може да се симне под 40% невработеност веќе 20 години и има меѓу најниските ГДП-а во Европа, тешко дека може да се смета за нормална средина за живеење. Со исфрустрирана и понижена популација, дебатите за наводни идеолошки позиции се чиста глупост. Врева од неписмени луѓе. Со тоа што “комунистите“ барем знаеа кои се и власта не им беше нова работа и знеа дека не служи само за лични привилегии, па толку да се вон себе од среќа како “преродбениве“. Кои еве пенат за комунистите, а им пречи ако им се рече фашисти. Се навлекле на неколку слогани за БЦ и готово, ја објаснија стварноста! И сега си градат кулиси и потемкинови села со нашите пари. И се лутат што не им се воодушевуваме. Ни се смеат странциве и не жалат! Тие ќе ни создаваат господа и владеачка елита?! Земјо Индијо!

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото