Јоко Оно му се заканува со драконска казна на полскиот производител на пијалакот „Џон Лемон“

23.09.2017 12:49
Јоко Оно му се заканува со драконска казна на полскиот производител на пијалакот „Џон Лемон“

Вдовицата на легендарниот музичар Џон Ленон му се закани со драконска парична казна на полскиот производител на пијалаци ако не го промени името на пијалакот „Џон Лемон“, кое асоцира на името на нејзиниот покоен сопруг.

Адвокатите кои ги ангажирала Јоко Оно ја известиле полската компанија дека ќе мора да плати 5.000 евра дневно и уште 500 евра за секое продадено шише ако не го промени името.

Компанијата сфати дека Јоко Оно не се шегува и го промени името на пијалакот во „Он Лемон“.

Полската компанија тврди дека никако не се водела од идејата за користење на Џон Ленон како заштитен знак. Тешко е да се поверува во тоа, зашто меѓу маркетиншкиот материјал на брендот објавен на Фејсбук стои слика од пејачот со зборовите „let it be“ и препознатливиот пар очила на пејачот.

Адвокатите на производителот тврдат дека трговската марка ја регистрирале во 2014 година, а заштитниот знак Џон Ленон е регистриран дури во 2016.

Извор: The Guardian

ОкоБоли главаВицФото