Дејвид Боуви ме направи геј

25.09.2017 10:12
Дејвид Боуви ме направи геј

Esquerita влијаел врз Литл Ричард, тој пак влијаел врз Дејвид Боуви, а Дејвид Боуви влијаел врз речиси сите музичари. 

Во својата нова книга „David Bowie Made Me Gay: 100 Years of LGBT Music“, британскиот автор Дерил Булок (Darryl Bullock) ја следи историјата на ЛГБТ музиката и покрај познатите уметници како Елтон Џон или Бој Џорџ, пронаоѓа и голем број заборавени и неретко декларирани ЛГБТ изведувачи кои биле активни многу порано од Стоунвил.

Уште во првата деценија на 20 век, во борделите на Њу Орлеанс, геј пијанистот и пејач Тони Џексон се стекна со култен статус и следбеници, и стана еден од првите изведувачи чиишто песни се снимени на плоча. Блузот и џезот исто така си имаа свои квир гласови, од кои вреди да се истакнат Ма Рејни и Гледис Џексон, како и Били Триптон, чиешто семејство открило дека бил трансродова личност дури по неговата смрт.

Во педесеттите години популарен бил џез пејачот Џони Реј, спомнат во култната песна „Come On Eileen" од британската група „Dexy's Midnight Runners“, а неговата кариера ја уништија обвинувањата дека се обидел со сексуални услуги да поткупи полицаец на тајна задача.

Пионерот на рокенролот Esquerita, екстрвагантен Афроамериканец директно влијаел на Литл Ричард, кој и самиот бил познат по своите амбигвитетни изјави за својата сексуалност. Во Велика Британија, Ноел Кауард ја предводел групата на геј кантавтори што најмногу заработувале од вариетеа, додека во остатокот од Европа, геј културата ја предводеше Вајмарска Германија. Од современите кантавтори се наведуваат и кантавторот Џон Грант и кантри пејачот Дрејк Јенсен.

Во интервју за GSN, Булок истакнува дека според него, еден од најинтересните податоци е што голем дел од овие музичари биле отворени за својата сексуалност во годините пред Втората светска војна. Дури и во 1910-тите кога се раѓаше џезот и потоа во 1920-тите и 30-тите години, за време на Pansy Craze, помамата по драк-перформансите и берлинските кабареа, имало ЛГБТ изведувачи и тоа екстрвагантно геј, лезбејски и бисексуални уметници коишто се гордееле со својата сексуалност. „Геј историјата започнала многу порано од Стоунвол“, одлучно тврди Булок.

И откако ја издал книгата, Булок и понатаму пронаоѓа уште заборавени геј музичари. Меѓу нив го наведува и Артур Конли, кој во 1950-тите години го имаше големиот хит „Sweet Soul Music“, по што се аутирал, се преселилл во Холандија и само повремено настапувал и објавувал нова музика под друго име.

Ја открил и геј ритам и блуз групата од истото време, со име „Charlie and Ray“ која објавила девет сингл плочи и имала многу откачени настапи. Нивните песни биле сексуално амбигвитетни, што е многу необично за таа ера на музиката, кога повеќето песни беа со наслов „I Love You Girl“, или некоја варијација на тој наслов.

Важноста на влијанието на ЛГБТ музичарите

Вљубеник во музиката, Булок бил воспитан на Битлси и Taml Motown, тој тврди дека првиот геј музичар што му оставил длабок впечаток бил Том Робинсон. Кога Булок имал 14 години, се обидел да се аутира пред неговиот татко, кој не го прифатил тоа. Во тоа време ја слушнал бесната, акустична верзија на песната од Робинсон „Glad to Be Gay“, снимена за серијата „Policeman's Ball“, а во чијашто емоција можел вистински да се препознае.

Булок некое време излегувал со девојки, обидувајќи се да се вклопи, на 16-годишна возраст дури сакал и да се ожени, но набрзо сфатил дека не може да продолжи на тој начин. На 20-годишна возраст се аутирал пред пријателите кои тоа лошо го прифатиле, но одлучил дека ќе биде отворен за својата сексуалност бидејќи сие треба да ја знаат неговата определба.

Булок тврди дека неговата главна намера била во книгата да ја го покаже влијанието на ЛГБТ музичарите. Esquerita влијаел врз Литл Ричард, тој пак влијаел врз Дејвид Боуви, а Боуви влијаел врз речиси сите музичари. Не сака да покаже дека сите овие уметници биле пријатели, но смета дека сето она што е еден уметник може да ги инспирира другите и дека нивното влијание врз другите генерации е исклучително важно, затоа што довело до денешната состојба кога некои од најуспешните музичари на листите како Сем Смит или Sie се ЛГБТ личности.

Сепак, Булок предупредува дека тоа не значи оти нивната сексуалност ја изгубила политичката моќ – сè додека на светот постои хомофобијата, не може да се каже дека причината за успехот на овие ѕвезди е тоа што на публиката не ѝ е важна нивната сексуална определба. Напротив, за ЛГБТ луѓето, тие можат да бидат онаа неопходна утеха и поттик за прифаќањето на сопствената сексуална ориентација и самоостварување.

Извор: xxzmagazin

ОкоБоли главаВицФото