Естер Сарто

25.09.17 10:56

Естер Сарто е данска уметница која живее и работи во Копенхаген. Вели дека се ориентирала кон ликовната уметност затоа што не е многу вербална личност, а и кога се во прашање зборовите, смета дека значењето често е надвор од нив, помеѓу редовите.

„За многу прашања можеш подобро да се изразиш визуелно отколку со зборови“, вели Сарто, која освен слики изработува илустрации за разни списанија, како и мурали.

Сепак, нејзините слики се далеку од некакви едноставни пораки - загадочни се, со сложена симболика и надреална атмосфера.

Извор: www.esthersarto.com

Слични содржини

Книжевност / Уметност / Филм / Око
Филм / Око
Фотографија / Психологија / Око
Фотографија / Квир / Око
Уметност / Филм / Око

ОкоБоли главаВицФото