Д Ебати!

25.09.2017 13:43
Д Ебати!

„Време е ВМРО-ДПМНЕ да започне дебата со факти“, се вели во последното соопштение на СДСМ.

Убаво, но јас прашувам, врз основа на што во СДСМ знаат дека токму сега „е време“ злосторничката организација на ВМРО-ДПМНЕ да престане да краде, убива, пљачка, растура, превртува, унакажува, вади ѕрцки, масакрира, силува...!?

Може ли истата порака да им се упати на сите злосторници, еве да речеме, да му се порача на типот што избол шест или колку таму души во некое село, дека е време да престане да коле без везе!?

Или така некако.

Ми падна в очи дека не е напишано „крајно време е“ или "крајно е време"!

Зошто е испуштено важното зборче „крајно“!?

Дали е тоа порака дека меѓу „време е“ и „крајно време е“ на ВМРО-ДПМНЕ му се остава простор да ја продолжи дебатата без факти односно да злосторствува без дебата воопшто, а камо ли со факти!?

По сопствен избор.

Од каде е извлечена идејата дека СДСМ треба да го советува ВМРО-ДПМНЕ како да ги води дебатите и дали воопшто да дебатира!?

Можеби во новата ера нема да има дебати!?

Јас мислам дека „време е СДСМ да престане да пишува вакви соопштенија“.

Всушност, „крајно време е“!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Били Даркарт