Конкурс на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово” за текстови за монографијата „Како го читам Конески“

26.09.2017 11:04
Конкурс на Фондацијата за македонски јазик “Небрегово” за текстови за монографијата „Како го читам Конески“

Фондацијата за македонски јазик „Небрегово” распишува конкурс за испраќање текстови за монографијата „Како го читам Конески“, како дел од едицијата „Македонски збор“.

Заинтересираните можат да земат учество во оваа монографија со свое видување на одделни аспекти од научното, уметничкото и општественото дело на Конески.

Текстовите со обем не поголем од еден авторски табак да се испратат најдоцна до 31 март 2018 година во електронска форма на е-пошта: kakogocitamkoneski@yahoo.com.

Контакт адреса за дополнителни прашања и објаснувања: kakogocitamkoneski@yahoo.com.

Извор: kultura.gov.mk