„Кога зградите би зборувале“ – перформативно-истражувачки проект

27.09.2017 00:38
„Кога зградите би зборувале“ – перформативно-истражувачки проект

На 1 октомври во 12 часот, кај Железничката зграда во Скопје (адреса: ул. Рајко Жинзифов, 36) ќе се одржи перформативно-истражувачкиот проект „Кога зградите би зборувале“.

Станува збор за повеќеслоен и мултидисциплинарен проект кој подразбира истражувачки процес обликуван во форма на перформанс на уметникот Филип Јовановски, во соработка со архитектот истражувач Дејан Ивановски, како и конференција и публикација, сето тоа курирано од Ивана Васева.

Во центарот на овој проект е Железничката зграда во Скопје, уникатна зграда изградена кон крајот на 40-тите години на минатиот век, пример за социјално живеење и делување, која во своите рамки вклучува и кино и периметаски блок кој го врамува дворот.

Проектот е дел од фестивалот „Млад отворен театар“ во Скопје, во рамки на придружната програма.

Важна напомена: Овој проект може истовремено да биде проследен само од 32 лица присутни во публика. Оние кои сакаат да присуствуваат можат да се пријават во инбокс порака овде.

Автор: Филип Јовановски
Кураторка: Ивана Васева
Истражувач и ко-автор на сценарио: Дејан Ивановски

Актерки: Кристина Леловац, Сања Арсовска, Јасмина Василева, Долорес Поповиќ
Видео продукција: Илија Тирицовски
Дизајн на звук: Дејан Петровиќ
Учествуваат: Станарите од железничка зграда
Продукција: Оливер Мусовиќ
Кураторка на дискусијата и перформансот: Ивана Васева
Организација: ФРУ – Факултет за работи што не се учат, Битола/ Скопје

Слични содржини

Јавни Простори / Култура
Јавни Простори / Балкан / Култура / Настан

ОкоБоли главаВицФото