Музика

27.09.2017 12:23

Ме подзема музиката често како море!
Во правец на ѕвездата бледна,
низ магли и ведрини, кон облаците, горе,
за пловидба сум спремен веднаш.

Со напнати гради, целиот устремен јаздам,
како да сум лаѓа со едра,
и, сечејќи низ купишта од бранови бразда,
кон полноќта јас пловам ведра.

Треперат тогаш во мене сите маки реско
на некој брод кревок и страден;
ветрот добар, луњата со сиот нејзин блескот,

над понорот мрачен и гладен
ме нишаат. Понекогаш пак мир, мазна плоча,
огледало на мојот очај!

Превод: Влада Урошевиќ

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото