Море, мрази ги, Ирена!

28.09.2017 13:54
Море, мрази ги, Ирена!

 Море, мрази ги, Ирена!

Јас го гледам обвинителниот акт против Ирена Ристиќ од светлата страна на месечината на нашите усрани животи: Ристиќ е повикана во својство на обвинета, но ќе оди на рочиштата во својство на сведок во процесот против обвинителката, против судот и против целата таа квазиправусудна кула од неверојатни говњари и говњарки, корумпирани и неписмени копуци и копучки, да не речам копички, тоа е неминовно, така што тужбата или како се вика тој факинг документ, е позитивна работа во борбата за слобода и морална рехабилитација. И, второ, мислам дека целиот случај ќе има позитивен ефект врз демистификацијата и разорната вулгаризација на темата за говорот на омраза во јавната и правосудна комуникација, односно врз тоа како сељачанството на една вукојебина знае да се посере и врз најблагородната идеја ако успее добро да ја центрира под својот дебел задник.

Не е здрав оној кој сево ова не го мрази.

А Циганите!?

Ма дај не ме заебевајте!

***

Искоренување

Кога доследно би се применувал критериумот на обвинителката во "Случајот Ристиќ/Цигани" целосно би бил искоренет не само говорот на омраза туку и говорот како говор. Нема говор - нема говор на омраза, слично како кај Хазјаинот: нема потреба да го бараш шпиунот што влегол околу први, туку ги убиваш сите што влегле од претходниот први до следниот први.

***

Говор на омраза

Луѓето можат да наебат ако некој обвинител се разбуди пред запалениот телевизор со Ирена Ристиќ на екранот и рече: чекај, па ова е говор на омраза!

Омразата како таква е ослободена од вниманието на државата, таа никого не буди, обратно се негува, од фамилиите и црквата до гимназиите и универзитетите и секторот на политиката, а многу често се ослободени од вина и делата кои произлегуваат од вака однегуваната омраза.

И љубовта не се казнува.

Нормално.

Ако од љубов ги поебеш Циганите и Македонците, како што тоа го правеа Амди и Никола во изминативе дванаесет години, викајќи ги Роми и Александрови синови и Гоцеви расисти, ќе те викнат на Шител да ги образлагаш визиите за Македонија, а не во суд.

Тоа е.

Слики: Вася Ложкин