Патишта

02.10.2017 10:26

Tи си намислил мене да ме нема и по секоја цена
Одиш кон мене. И во јуришот
Смеејќи се и плачејќи
Пред себе
Сѐ чистиш
и ништиш


Ти си намислил по секоја цена да ме уништиш
Но никако да го најдеш
Вистинскиот пат
До мене


Оти
Ти познаваш издлабени и натапкани патишта
И ниту еден друг
(A мали се всушност и јалови
Без оглед колку се
За тебе
Надмениот и јакиот
И претешки
И
Долги)


Ти ги познаваш само оние патишта
Што минуваат
Од срцето
И
Окото


Но тоа не е сѐ


Има патишта што се испружиле пред нас
Без јавна трага на колосекот
Без возен ред
Без време
И рок


Ти мислиш дека твојата патека до кутриот мене е
Многу сигурна и чесна
Онаа
Што доаѓа
Од лево
Или
Десно


Се залажуваш постoјано дека до мене треба да се оди
По слични насоки
Од север
Или
Југ


Но тоа не е сѐ


Чумата
Очите секогаш
Паметно ми ги бара
Под разбрануваната ‘рж на ветрот
Од коренот на земјата каде се згуснал мрак


А од немерливите височини
Одозгора
Да се притискаат
Градите
Може
Мóра


Но тоа не е сѐ


Ти не го знаеш законот на раскрстувањето
Помеѓу светлината
И
Темнината


Но тоа не е сѐ


Оти најмалку знаеш дека во сето битие
Најтешките борби
и вистинските војни се
Во самото
Битие


Ти значи не знаеш дека си моето најмало зло
Помеѓу многуте
Мои
Големи
Зла


Ти не знаеш со кого
Си имаш работа


Ти не знаеш ништо за мојата мапа со патишта


Ти не знаеш дека патот од тебе до мене
Не е исто што и патот
Од мене
До тебе


Ти не знаеш ништо за моето богатство
Скриено за твоите моќни очи
(Ти не знаеш дека мене
Многу повеќе
Одошто мислиш
Судбината
Ми намерила
И
Дала)


Ти си намислил по секоја цена да ме уништиш
Но никако да го најдеш вистинскиот пат
До мене


(Те сфаќам:
Човек си во еден простор и време
Што живее само сега и овде
И не знае за безграничниот
Простор на времето
Во кој се наоѓам
Присутен
Од далечното вчера
До далечното утре
Мислејќи
На тебе


Но, тоа не е сѐ)

Превод: Тихомир Јанчевски

Диздар на мк википедија

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото