Од пичле до муф

04.10.2017 14:24
Од пичле до муф

По исцрпниот преглед на алтернативната терминологија употребувана кога жените зборуваат за сопствениот менструален циклус, како единствена логична постапка се очекуваше истата јазична анализа на вокабуларот кој се користи во нашите јазици при адресирање на женскиот полов орган. Секако, порталот Муф претходно се занимаваше со оваа тема па така текстот на Ведрана Ловринчиќ за женските гениталии како темен континент претставува мошне длабок и основен корисен ориентир, кој дополнително поттикнува на суштински потребната рехабилитација на зборот пичка за кој и јас овде се застапувам приклучувајќи му го зборот пизда, наспроти општопознатата реченица од филмот Вариола Вера на Горан Марковиќ, според која едниот збор означува женски полов орган, а другиот е само карактерна одлика.

Како што пишува Ведрана, проблемите со женската терминологија започнуваат на местото каде што се среќаваат лингвистиката и анатомијата. За разлика од машкиот полов орган (посегам по него само заради неговата еволутивна блискост, а воопшто не за да го имам како нужно референтно место кога зборувам за женската сексуалност!), женскиот полов орган е покомплексен оти е составен од надворешни и внатрешни делови, па прашањето при употребата на таканаречената службена терминологија е: кој е точниот термин што треба да се користи?


                                                                                          Потеклото на светот, Gustave Courbet

Имено, како единствен сеопфатен „службен“ термин се истакнува синтагмата полов орган, додека гениталии и пол го означуваат само надворешниот сегмент, но се користат еднакво фреквентно како и неговите метонимиски ознаки (да си признаеме, најчесто поради неинформираност). Како и да е, сите три термини многу јасно ја покажуваат својата припадност во медицинската терминологија и асоцираат пред сѐ на оперативни зафати, надворешни болести и здравствени установи, а не толку на задоволство, слобода и секс (репродукцијата ја заобиколувам бидејќи искрено не ми е меѓу првите асоцијации; освен тоа, денес ионака ја има премногу во домашниот медиумски простор). Останатите службени варијанти претежно се латинизми кои повторно опфаќаат само дел од целокупниот комплекс (вагина, вулва) и страдаат од слични симптоми.

Од другaта страна на спектарот, во колоквијалниот дел од Вавилонската кула, пизда и пичка дефинитивно се истакнуваат како најприсутни субјекти кои, како што одминува времето, успеваат сѐ повеќе да се оддалечат од вулгарноста со која премногу години беа оцрнети. За нивната неприкосновена доминација сведочат големиот број нивни заменки и изведенки, од кои едните одат во насока на дополнителна сексуализација (која некои одбираат да ја читаат како вулгарност), а други во насока на апсолутна и широка инфантилизација.

Па кога се наоѓаме во ситуација да одбереме соодветна терминологија, соочени сме со огромна дупка (запомнете го тој збор) која постои меѓу секој од тие неутрални а всушност радикално медикализирани изрази, и другите вредносно силно обоени имиња на чии специфики подетално ќе им се посветам. Тука е, се разбира, и големиот број метафори кои одат во најнеобични насоки, од кои некои се прилично пејоративни, а други одат заедно со добро познатата идеја за женскиот пол како понежна половина на машкиот.


                                                                                                      Црниот ирис, Georgia O’Keefe

За бинарноста на целава генитална приказна не морам ни да зборувам зашто во јазикот, за жал, има малку место за транс идентитетите, така што и овој текст ќе биде затвореник во таа редуктивна логика. Секако, резултат од друг тип на редуктивност е деконтекстуализирачката природа на оваа анализа, зашто е едно кога му зборуваме на својот гинеколог за својата минџа, a друго е кога им зборуваме за сопствениот полов орган на своите партнер или партнерка. Во таа смисла, сите овде претставени тврдења треба да се земат cum grano salis.

Најпосле, она што најмногу изненадува кога веќе ќе се соберат сите овие термини на едно место е честотата на заменките кои се речиси императив кога се зборува за женската сексуалност и многу очигледно се средство за намалување на нејзината важност. Бидејќи, кога се во природна големина, нашите пички се очигледно мошне опасни.


hiding & shaming

она што жените го имаат, она нешто, долу, таму

Во „пристојните разговори” веројатно најчесто употребуваната категорија го сместува женскиот полов орган во категоријата на зазорното, бидејќи вистинското име за тоа нема место во јазикот. Со поставување апстрактни референци на сосема конкретен дел од женското тело овие фрази се најкраткиот пат до затскривањето, односно засрамувањето на природните, виталните, прекрасни делови од нашата сексуалност.

Упатство за употреба: Не знам за вас, но мене моментално долу ми се само папучите и паркетот.

 

Сленг
пичка, пичла, пизда, клиторка, дунда, руно, путка, пичкетина, пичос, фукица, фанфуља, флонџа, минџа

Упатство за употреба: Reclaim the pussy!

инфантилизација & нагалено

пипиче, пичле, пиче, пичиче, дунче, чунче, мочле, дунде, дундиче, путче, пиздунче, пицулин, пич(к)ица

Признавам, повеќето од овие термини ги зедов од форуми на кои родителите разговараат за тоа како јазично да се справат во врска со половите органи при воспитувањето на своите деца. Меѓутоа, и на секциите за возразни често се појавуваат многу од изразиве, понекогаш само како реминисценција од младоста, а понекогаш како полноправни кандидати со горе и долу наведените. Она што обесхрабрува уште за време на првиот преглед на нивната бројност недвосмислено укажува на нивната доминација и сеприсутност, што пак сугерира прилично незрел став кој како општество го имаме кон сексуалноста што, верувам, никого не изненадува (т.е.: no shit).

Второ нешто кое веднаш паѓа в очи е количината термини создадени како варијанти од имињата за машкиот полов орган, а некои дури и потполно се преклопуваат со таа терминологија (мочла). Иако не се впуштив во подробна анализа на xy терминологијата, некако имам чувство дека оваа ситуација не е свесно поквирување а не е ни двосмерна (па како еуфемизам за кур да се користи, на пример, мочко) што доволно зборува за конституцијата на овие имиња.

Упатство за употреба: Де, речи, моме, колку имаш години?



животинско царство

риба, рипка, фока, пиле, пиленце, птичка, маченце, глувче, пудлица, жаба, жапче

 

Интересно е да се забележи како, во пространоста на природниот свет, народната мудрост ги изнедрила токму овие животни како метафори на женските гениталии. Веднаш, пак, кога ќе им ги отстраниме деминутивните наставки и со ред добиеме: кокошка, риба, мачка, пудла и жаба, почнуваат да звучат многу пооддалечено од вулва и вагина па се разоткрива сета очуденост на нивната употреба бидејќи е тешко од прва да се пронајдат нивните допирни точки. Но, потоа станува очигледно дека освен јасните стремежи кон припитомување (што е само варијанта на субмисивноста толку популарна во патријархатот), нивниот втор обединувачки момент повторно се однесува на обврзните деминутиви кои женската сексуалност ја прават уште побезопасна.

Упатство за употреба: Само ќе ве потсетам дека во природата постојат и некои други животни како лавици или тигрици.


Флора

праскичка, роза, ружичка, мандаринка, марулка, орхидеја, орхидеичка, љубичица

 

Редовно наведувани во деминутиви овие термини се комплементарни на горната категорија на животинското царство и опфаќаат ред многу нежни израстоци од растителниот свет на кои им е потребна посебна нега и внимание бидејќи во спротивно се сушат, исчезнуваат, овенуваат. И покрај тоа што секако треба да се внимава на интимната нега и pH вредноста на сопствената пичка, можеби чувствителноста сепак не би требало да биде првата асоцијација кога говориме за нив.

Упатство за употреба: Teaches of Peaches. На рипит.

Дупчиња

пештеричка, рерничка, кутиче, дупче, длапка, дувло, шуплина, пукнатина, гаража

 

Земајќи ја просторната конфигурација на женскиот полов орган како негова централна карактеристика, овие интерпретации се базираат на етимолошкиот корен (накратко: канијата, кориците за меч) на зборот вагина, кој е доволно застрашувачки сам по себе, па во таа смисла се повикуваат на идејата за женскиот полов орган како комплементарен за “она нешто што влегува во неа”. Иако секој од термините алудира на специфични конотации (неистраженост, топлина, мрак, паркинг), тие се обединети од идејата за женската сексуалност како простор кој чека да биде исполнет, истражен, пополнет. „Хитот“ Оџачар (Димњичар) од Џими Станиќ во кој еден од термините е фамозно опеан (Halo, prosim, jel’ tamo dimnjačar Štef? Kaj bi mogli dojti k meni, pečka mi se zaštopala, znate...) можеби најдобро ја сугерира суптилноста на целата група или барем на поголемиот дел. Ако тоа не ви е доволно слушнете ја Мица Трофртаљка и Uteraj mi kola u garažu.

Упатство за употреба: Биди сама своја мајсторка.

 

pussy mussels

Школкичка, острига

 

Се работи за crossover помеѓу две категории –„животинско царство“ и „дупчиња“ – каде се обединети карактеристики на двете групи.

Упатство за употреба: Прстаци (вид школки)


Функционерка

Колешка, госпоѓа министерка, царица

Забавна и најчесто „безопасна“ категорија која вклучува неколку општествени функции како еуфемизми за нашите пички. Воведувањето службен вокабулар наизглед создава дистанца со полна почит, но зад неа всушност се крие и еееептен големо иронично оддалечување кое во нашата култура очигледно е и понатаму потребно при говорењето за сексуалноста.

Упатство за употреба: LOL

 

Персирање

Госпоѓа, госпоѓица

Многу слична на пичката-функционерка.

Упатство за употреба: Можеби küss die Hand еднаш ќе стане licken die Pussy?



sweet donut o’mine

крофна, колаченце, шеќерче, штрудла, тортичка, сармичка

 

Од една страна овие еуфемизми го означуваат женскиот полов орган како нештo исклучително примамливо (конечно!), меѓутоа редовните деминутиви во комбинација со нутритивната вредност на овие десерти истовремено упатува на нивната претерана зашеќереност и слаткост, што повторно укажува на нивната беспомошност и безопасност.

Упатство за употреба: Дефинитивен sugar overload, но, еј, на сите понекогаш им треба малку шеќер.

 

лични имиња

минџослава, мица, желана, жељка, изабела, милица, паулина, хуголина, барица, штефица, кити, манда

 

Оваа категорија фигурира како високо индивидуализирана, во никој случај генеричка, и во таа смисла е всушност бескрајна (бидејќи и личните имиња ги има бескрајно многу) па горенаведената низа претставува само селекција на можни називи, избрани по случаен избор. Секако, тие се главно резервирани за интимна употреба меѓу поединечни партнери бидејќи во спротивно може да дојде до значајни збунки. Желана и жељка, секако, имаат сепак посебен статус, со оглед на нивната врзаност за глаголот „пожелува“ и имплицираат одреден степен на афективна активност на самиот полов орган која, се подразбира, е насочена директно кон сексуална активност. Секако, користењето на жељка и жељана зависи од тоа од чија уста доаѓаат и во чија уста доаѓаат (pun intended) па така во некои случаи може да бидат на подлога на сексуално вознемирување и злоупотреба, а во други да претставуваат изразување на женската сексуална желба која, историски, толку долго била стишувана. Барица и штефица, од друга страна, повеќе звучат како имиња на ликови од Грунтовчани па во таа смисла евоцираат прилично ретро поглед на женската сексуалност, карактеристична за селската средина од минатиот век.

Упатство за употреба: Ослободете си ја фантазијата.


посебна категорија

муф

 

Збор кон чие основно значење се додадени и следните, преку неговиот капацитет за формирање акроними: Мисија на удружените феминистки; Медиум, уметност, феминизам; Marcato, unison, forte; На мизогинијата у фаца.

Упатство за употреба: Читајте го!

 

Извор: MUF.com.hr

Слични содржини

Квир / Живот / Култура / Теорија
Книжевност / Теорија / Историја
Книжевност / Теорија / Историја
Книжевност / Теорија / Историја
Книжевност / Култура / Теорија

ОкоБоли главаВицФото