Структурата на кретенизмот

05.10.2017 13:18
Структурата на кретенизмот

Лабина бара режим пострашен од груевизмот

Драга Лабина,
Можеби некој навистина се заебава со тебе и со твојот „политикантски памфлет без преседан“ односно со „злото кумулирано во деведесет минути“ (Златко Теодосиевски), со новиот исерок на таканаречената македонска кинематографија, „Кога денот немаше име“, или како веќе се вика. Ти имаш, се разбира, право да бараш на тоа срање да му се додели најфиното време на фестивалите, дури, можеби, и некое оскарче, меченце или глобусче, имаш право и писма во продолженија да му пишуваш на премиерот Заев - не е тој полковник па да нема кој да му пишува -, не се јавувам јас поради тие твои борби и аспирации, на некој начин дури ми се и симпатични, но морам да ти кажам дека кога од Заев бараш да ги реши твоите проблеми ти не го повикуваш премиерот да преземе мерки против раѓањето „нов режим кој ќе биде пострашен од груевизмот“ - на кого, бај д уеј, ти така велелепно му служеше - туку обратно, ти го повикуваш да инсталира таков режим! Дали ме разбираш!? Кога ти и таквите како што си ти - значи, таквата искривена самосвест - ќе го инсталирате премиерот во џумхурбашкан кој ќе решава и за мислењето на еден советник и за тајминзите на фестивалот во Битола, и за тоа кој ќе брани на голот на фудбалската репрезентација и кој какви филмови ќе снима - ние ќе имаме режим пострашен од груевизмот!
04.10.17.

Разлики

Елизабета Канческа Милевска го разбира светот како голем дуќан на Макс Мара!
Хорхе Иванов го разбира светот како будала!
Никола Груевски не го разбира светот!
Трајко Вељановски го разбира светот како пикник крај Смилковското езеро!
Јово Вангеловски го разбра светот како превара!
Миле Јанакиевски го разбира светот како космос!
Сашо Мијалков го разбира светот како прав и пепел.
Силванева го разбира светот како долга колона која влегува во нејзината патарина.
Рангелова го разбира светот комплициран како сценарио за порно филм.
Зоран Ставревски го разбира светот како голем куртон во кој тој е курац!
Марко Зврлевски го разбира светот како врв на кој може да сере, а да го видат.
Амди Бајрам го разбира светот како Елвис пред да ја скрши секирата со својата глава.
Тарчуловски го разбира светот како место во кое нама разлика меѓу Љуботен и Кисела вода.
Луѓето, како што може да се види тука и кај Маркс, различно го разбираат светот, но работата е во тоа тој да се смени.
04.10.17.


Структурата на кретенизмот

Што правеше Новата ера кога беше стара ера?
Еве една кратка структурна анализа:
Од жените направи мајки на мртвороденчиња, од земјоделците направи прасиња на државната свиња, од лекарите направи партиски будали или жртви на партиските будали, од учениците направи мали кретени, а од студентите - млади мртовци, од новинарите произведе праз за сопствениот газ, од бизнисмените - мафиотска подружница, од административците - стока во своето трло, од граѓанството направи покондурено опинчарство, од академиците - нуркачи на здив, од професорите - мегафони на глупоста, од уметниците направи говњари...
Еден глас ако освојат на изборите што ги прават нерегуларни со своето присуство, тоа ќе значи дека Новата ера можеби и не ги направила такви, можеби тие си биле такви и такви се сега!
03.10.17.


Слики: Xue Wang