Предизвикување на аутистичните сталинисти

04.08.2010 10:22
Предизвикување на аутистичните сталинисти

Дали заедничката американско-корејска воена вежба претставува неопходна демонстрација на сила или провокативен чин насочен против воинствената и горда нација која се наоѓа на работ на пропаста?

За заедничката воена вежба на САД и Јужна Кореја, под кодното име „Непобедлив дух“, поделени се мислењата на десетте милиони жители на главниот град Сеул кој, доколку дојде до одговор на Северна Кореја, прв ќе се најде на удар.

Приврзаниците на претседателот Ли Мјунгбака сметаат дека е време да се испрати јасна порака дека на светот му е доста од непрестајното ѕвечкање со оружјето од северната страна на границата. Критичарите сметаат дека не е добро да се предизвикуваат аутистичните сталинисти во соседството чија економија се наоѓа пред колапс, а власта пред транзиција, односно, дека ова претставува погрешен миг за праќање таква порака и демонстрација на сила толку близу до границата. Наводно, Северна Кореја располага со четвртата по големина војска во светот и основен нуклеарен арсенал, и праќа пораки дека е подготвена да употреби сила.

Владата на Северна Кореја реагираше на веста за воената вежба, во која се вклучени 8000 американски и корејски војници, 3200 борбени авиони и хеликоптери и 20 воени бродови, и која ја нарекоа „непростива воена провокација“, заканувајќи се со нуклеарен одговор. Вашингтон и Сеул тоа го сфатија како уште една залудна закана.

„Не сме заинтересирани за војна со зборови со Северна Кореја. Она што ние потребно од нив е помалку провокативни зброви, а повеќе конструктивна акција“, изјави портпаролот на Стејт департментот.

Пјонгјанг секако дека може да се пофали со завидна историја на балансирање на работ на војната. Водачот на Северна Кореја, Ким Ил Јонг, во 1993 г. ја доведе земјата речиси во отворена конфронтација со САД за време на владеењето на претседателот Бил Клинтон, поради производството на плутониум за потребите на нуклеарното оружје. Тогаш беше постигнат договор за замрзнување на производството на плутониум, а беше договорена изградба на нуклеарен реактор. Планот пропадна за време на Буш, а Северна Кореја беше означена како дел од „оската на злото“.

Сега ниедна страна не може да си дозволи војна, а воените игри речиси да немаат никакво значење. Речиси извесно е дека морнаричкиот воен маневар ќе помине без инциденти, ако во нив не ги сметаме нуклеарните закани искажани од врвот на Северна Кореја. Можеби со вежбата дури и ќе се постигне саканиот ефект да се натера Пјонгјанг да се врати на преговарачката маса.

Извор: The Independent

Слика: Xue Jiye

ОкоБоли главаВицФото