„Дете“ - краток филм за виртуелното бегство

06.10.17 12:39

После фестивалите, филмовите најчесто остануваат само на профилите на режисерите и освен директно споделување линкови на некој што изразил желба, остануваат без шанса да ги види поголема публика. Можеби ова е еден од начините овој филм да го погледне и пошироката публика – вели Петровиќ.

„Дете“ е снимен лани и беше прикажан „Синедејс“ и на „Браќа Манаки“.

-Во една многу кратка форма филмот се занимава со безизлезноста која ги турка луѓето во виртуелно бегство, социјална и општествена неизвесност, чувство на отфрленост и маргинализација, но понекогаш и личната неодговорност пред секојдневните животни предизвици. „Дете“ е филм за една реалност што се случува во Скопје, а сепак е приказна која е многу пошироко распространета и се случува насекаде низ светот – вели Петровиќ. Филмот е работен ентузијастички, без буџет, благодарение на желбата на целата екипа. Улогите ги толкуваат: Гораст Цветковски, Јелена Јованова, Ѓорѓи Јолевски, Викторија Анѓушева и Анастас Тановски.

-Актерите се избрани според тоа како сум ги визуализирал ликовите, односно доживеани за време на пишувањето на сценариото и потоа одбрани според нивните актерски способности, кои мислам дека добро се гледаат. Актерите пронајдоа дел од себе во сценариото и прифатија да бидат дел од филмот. Нивната енергија, посветеност и професионалниот однос што го имаа за време на снимањето го направија филмот таков каков што е. Им благодарам на целата екипа и на сите што го помогнаа филмот – вели режисерот.

Извор:http://www.fakulteti.mk

ОкоБоли главаВицФото