Некогашниот соработник ја обвинува Марина Абрамовиќ дека кажува невистини во своите мемoари

07.10.2017 10:56
Некогашниот соработник ја обвинува Марина Абрамовиќ дека кажува невистини во своите меомари

Познатиот српски уметник Зоран Поповиќ кој работел заедно со Марина Абрамовиќ во 70-тите години на минатиот век во белградскиот Студентски културен центар (SKC) ги прочитал нејзините мемоари „Проаѓам низ ѕидови“ и ги демантира наводите на светски познатата уметница.
Приказната на Марина за тоа што се работеше на уметнички план во СКЦ, почнувајќи од 1971 година, најблаго кажано е сосема обратна во речиси секоја реченица. Приказната за четирикратно самоубиство на нашата тогашна другарка Сребренка, едноставно е лажна, во делот дека било четирикратно, но ја пали фантазијата.
Заради некоја причина своите дела изложени на првата изложба на нас шестмината – Октомври 72, одржана во галеријата на СКЦ, Марина ги поделила во две изложби, па така нејзиното сеќавање пресметало дека делото со звук „Цвркотот на птиците“ бил на едната, а звукот на аеродромите – неколку месеци подоцна, а сето тоа всушност беше на споменатата изложба, која стана наша традиционална изложба што се одржуваше во следните неколку години во октомври. Споменатиот во мемоарите, звук на уривањето на зградата, во овој случај фасадата на СКЦ никогаш не се случил.

Еднаш имаше обид за инсталацијата, но звукот едвај се слушаше, па делото беше повлечено. Во мемоарите на Марина излегува дека таа го смислила Центарот за проширена уметност, натписот што стоеше на огоромното дрвено сандаче за пошта. Во тоа време (1971) на навалувањето на Марина да воспостави сопствена преписка по пошта со остатокот на меѓународниот уметнички свет, Гера Урком инсистираше нашата неформална група, која никогаш дотогаш немаше каква било дефинирана заедничка програма, да направи барем едно заедничко дело или акција.

По повеќедневни дискусии, Гера заклучи дека тоа би можело да се дефинира, да му се даде наслов како Нагласен уметнички центар. Неуки за англиски јазик, ѝ дадовме тоа на некоја девојка што преведуваше од англиски и таа ни го испорача преводот „Amplified Centar of Art“. Го дизајнирав логото ACA и Марина и јас се растрчавме по разни амбасади да ни ја преведат реченицата на нивните јазици, отидовме и во печатница за да ни испечатата меморандуми. Меѓутоа, веднаш потоа заборавивме на овој обид да направиме заедничко дело зашто бро сфативме дека зборот „amplified“значи засилен, како на пример да се засили работата на некој апарат...Но, сега во мемоарите на Марина излегува дека таа го смислила Центарот за проширена уметност, а сè остана само на меморандум.

Никогаш не се викавме Група 70, како што тврди Марина. Тоа во една прилика ни го „закачи“ Билјана Томиќ и така тоа остана во главите на некои луѓе...Фотографиите за кои во книгата е наведено дека ги снимил Небојша Чанковиќ, всушност се снимени од Славко Чалиќ и Милан Јозиќ...“ пишува Поповиќ. Тој е лут заради неточните податоци за почетокот на кариерата на Абрамовиќ во Белград и вели: „Ја одработи задачата за западниот пазар на соништа“.

 

Извор: Блиц
 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото