1021 hPa
93 %
![облачно, магловито облачно, магловито](/sites/all/modules/weather/images/day-overcast-fog.png)
3 °C
Скопје - Чет, 23.01.2025 12:06
Како да се препознае дали моето дете има проблем со развојот? Кога треба да се интервенира? Како е да се живее со попреченост? За сексуалното и репродуктивно здравје на лицата со попреченост? Какви права и услуги имаат лицата со попреченост?
Овие прашање се секојдневни и од медиумите и од родителите.
Одговор, објаснување и дружење ќе има работилницата во недела 08 октомври 2017 во Јавна соба во 13 часот.
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија организира работилница за лица и родители на деца со посебни потреби. Настанот е во рамките на проектот “Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите” кој е поддржан од Британската амбасада во Македонија.
Целта на настанот е размена на искуства меѓу лицата и родителите на деца со посебни потреби и мотивирање на самите лица за земање активно учество во општествениот и културниот живот. Раземна на искуството на Македонија и Велика Британија
Гости на настанот ќе бидат танчерите од танцовото студио за лица со посебни потреби - Ларондина од Велика Британија.
Училиштето постои дванаесет години и има значајни достигнувања како на национално, така и на меѓународно ниво. Во оваа прилика тие ќе ја споделат приказната околу потребата за формирање на вакво училиште и нивната работа, раскажувајќи кој е нивниот мотив за успех.