Вашето членство на одредени страници овозможува ширење пропаганда!

09.10.2017 12:58
Вашето членство на одредени страници овозможува ширење пропаганда!

Драги френдови, а богами и пријатели, дали знаете дека вашето членство на одредени страници овозможува ширење пропаганда?

(И тоа партиска пропаганда со која не се согласувате, па дури и мислите дека е штетна за државава и вас лично.)
Еве на пример некој некогаш направил страница „Ја сакам Македонија“ и вие сте станале еден/една од стоте илјади фанови. Во моментот кога сте станале фан можеби таа страница била поврзана со победа во кошарка не Европско, или некој сличен радосен настан.

Арно ама, во наредните години на таа страница претежно се појавуваат содржини не за спорт или љубов кон земјата, туку линкови до написи од Курир.мк, Журнал и слични изданија во прилог на една Партија. Е сега, бидејќи вие сте фан, Фејсбук смета дека тие содржини треба да ви ги прикаже не само вам, туку и на сите ваши френдови (по логика дека имате сличен вкус).

Особено кога една Партија (која можеби и не ви е омилена, која дури можеби и ја сметате дека е под контрола на криминално семејство мафијаши) ќе плати огласи преку самата страница.

И така, тоа што сте станале фан на некоја страница овозможува тие што ја контролираат страницата да ве трујат не само вас (кои можеби се сметате за имуни на перење мозок, оти сте слушале бомби, или сте трпеле рекет итн.) туку и вашите блиски и подалечни познаници. А пропагандата делува со пренатрупување, со наметнување присутност. (Кога не може да постигнат убедување, тогаш се обидуваат да посеат страв, чиј краен резултат е безнадежност и апатија.)

Решението е едноставно: видете на кои Фејсбук-страници сте фан и погледнете каква уредувачка политика водат тие страници. Ако се согласувате со пораките кои ги шират, пеки... ама ако не, многу е лесно да не им помагате - едноставно откажете се од членство.
PS
Истото важи и за страници на политичари.

Слика: Pawel KUCZYNSKI 

Слични содржини

Жарко Трајаноски
Општество / Став
Општество / Став
Општество / Став
Општество / Став

ОкоБоли главаВицФото