Груевизмот се распаѓа како палма во Коцелофан!

10.10.2017 14:37
 Груевизмот се распаѓа како палма во Коцелофан!

Приватниот правосуден систем на Сашо и Никола се распаѓа како мумија во допир со свеж воздух. Како ѓумбирски џумки на гуматозен сифилис под ударот на најсилните антибиотици. Како малезиски патнички авион во средба со руска ракета. Како ВМРО-ДПМНЕ без власт. Како утроба на лондонска проститутка под ножот на Џек Мевосек. Како ендек во лицето на Мартин Протуѓер. Како Елизабета во дуќан на Вивиен Вествуд. Без министерска „Виза“. Како Груевски на јаже меѓу Владата и „Идризово“, без стап за рамнотежа и мрежа за спасување. Како ушите на секирата во судирот со главата на Елвис. Како палма задавена во кеса од Коцелофан. Како Македонија под власта на ВМРО-ДПМНЕ. Како Хорхе во претседателската резиденција. Како пчеличката Маја во брачната постела. Како историјата пред Ачковска и Ачковска пред историјата. Како огледалото пред Кара Ками Шева и крстот пред Валентина Божиновска. Како науката пред МАНУ и верата пред МПЦ, како дијаспората пред Тодор Петров, како смислата пред Чом, како глупометрите врз Јанко и Миленко, како Крсто Муковски во најновиот филм на Милчо Манчевски „Пред толпата“, како Лабина Митевска во писмата до Заев, како нос под дејството на кокаин, како мозок во лош алкохол, како Влатко Ќорчев на голем одмор, како Македонец на слобода.

Не беше нужно човек да е особено умен за да го предвиди ваквиот развој на настаните. Оти, беше јасно: ако тие не ја убијат Македонија, Македонија ќе ги убие нив. Тие ја направија грешката што ја направи Мајкл Мадсен во „Кил Бил“ кога ја закопа Ума Турман недоутепана. Македонија е тука во правдољубивата улога на Ума, стегната, се разбира, во нормите на законот и процедурите. Макар што народот би сакал да е како во филмот, со најдобрата самурајска сабја.

И судии на судење

Катица Јанева ја претресува канцеларијата на главниот задзаконски претставник на ВМРО-ДПМНЕ, на мафиотското говно со помош на кое Фамилијата ги лизгаше луѓето директно во „Шутка“ и во „Идризово“. А за себе обезбедуваше статус на недопирливост. Шрафчињата на злото се усрани, брзата помош е тука, но помош, вистинска помош, спас - нема. Се бараат докази за помагање на луѓе што се предмет на прогон или на истраги. За издавање службени тајни. СЈО и Комисијата за реформи во правосудството, вршат инспекција на системите за распределба на предмети преку кои со години се делеле казни и слободи како врвен израз на моќта и корупцијата на Злосторничкото здружување на власта, а не како форма на објективизирање на правдата. Вршителката на должноста јавен обвинител бара укинување на пресудите во случајот „Монструм“ и враќање на предметот во нова постапка, што е експлицитно признание за говњарскиот карактер на доказниот материјал, факт што со оглед на монструозноста на делото и монструозниот правосуден третман на кој наиде, е доволен да го скрши рбетот на целиот систем како злосторнички механизам. Судијата Туфегџиќ се јавува со задоцнета памет во обид да се аболира себеси во својството на истражен судија, со бедна изјава во која дури сега се сеќава дека воопшто не бил на местото на настанот и дека доказите му биле доставени дури 20 дена по масакрот. Покренати се кривични пријави за криминалната распределба на земјоделските субвенции и кривични постапки против злоупотребите на државните кредитните картички од страна на службени лица... Во меѓувреме се одбиени барањата на Мијалков и на Груевски... И така натаму.

Што е денеска ново во случајот „Монструм“!? Освен тоталната разгологазеност на оние што се беа нафатиле да го сервисираат режимот на Груевски и по цена да осудат невини луѓе!? Ништо. Снимките од бомбите ќе го сменат текот на постапката во случајот со убиствата кај Смилковско Езеро, обвинителката е во право. Но, мене ми се чини дека тој факт во својство на страв на правдата од правда, а не во својство на стремеж кон неа, го предизвика барањето да се прифатат жалбите на осудените во првите две инстанци.

Луѓето од таканаречениот правосуден систем сфатија дека пред вистината од бомбите во комбинација со променетите политички околности, нема да биде можно да ја извршат до крај својата улога на груевистички егзекутори, односно дека ќе мораат да ги пуштат на слобода луѓето за кои сите, и тие и сите ние, од почетокот знаевме дека се невини, односно дека се жртва на тоа што адвокатот Рауфи го вика „монтирано кривично дело“. Јас би додал во идиотската политичка лабораторија на лудаците од бившата власт. Впрочем, како и случајот во Диво Насеље и многу други.

Е, сега, в ред е невините да се ослободат и да добијат заслужена сатисфакција, правна, морална и материјална, но тоа нема да биде доволно. Сите политички државни партиски и други мајстори на оваа крвава драма со хеликоптерски и квазиправосудни паради, мора да се разоткријат, судат и осудат, што би рекол Хојт Ји, „во разумен рок“.

Одржлив развој

Читам по порталите дека целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ ќе било уапсено по изборите. Јас не знам дали ќе биде така, но знам дека ќе биде неправедно ако не биде. Заедно со телевизиските, професорските, обвинителските, судиските и другите слуги, колаборанти на злото, утре да позатворат 10.000 вмрони, ѓутуре да ги приберат, можноста за неправда ќе биде помала од 0.0001 отсто. Мислам дека, сепак, нема да се стигне до таа бројка, но едно 9.950 комада би можеле да однесеме на топло. Хахаха!

Овие активности се однесуваат кон правосудните, па и сите други бункери на злосторничкиот режим на Груевски како ураганот Марија кон инфраструктурата на Порторико. Во реална смисла тие се недвосмислен знак дека новата хемотерапија на општеството длабоко навлегува во мафиотските метастази во правосудниот систем до нивото кое безмалку гарантира дека тотално ќе ги разгради. И дека ќе се реализира тоа за што се заложи и Хојт Ји во своето последно обраќање за ситуацијата во Македонија. Во симболичка смисла овие потези се највпечатливата манифестација на историската правда и на решеноста на новата власт со поддршка од меѓународните партнери, темелно да го расчисти наследството на груевизмот и да обезбеди основи за траен и одржлив развој на Македонија. И дека во тој налет никој што се огрешил нема да куртули.

Можеби овој интензитет има некаква врска со локалните избори. Нема сомнение дека овие потези ќе ја засилат довербата кон власта и изгледите на нејзините кандидати на претстојните избори, како уште еден важен елемент на целиот комплекс на борбата против наследството на злото, а за изградба на пристојна, модерна, правна, демократска Македонија. Но, мислам дека поважно е што се фаќа ритамот времето. Можеби најважно е што целиот процес зрачи со толку важната одлепеност од партијата, го има знакот на државата, на институциите, на институциите кои се сигурно под одредено влијание на политичката партија - тоа е смислата на политичката борба - но се институции на државата, односно на сите. Заев ја држи принципиелната позиција на дистанцирана присутност и тоа му го дава на процесите шмекот на правда, а не на одмазда. Супер!


П.С.
Идентитетски прашања за китот се харпунот и водата, не името на океанот, еден ми рече: можат да ме викаат и желка само да имам кур од два метра!‬

Наравоучение: идентитетските прашања се пичкини димови ако идентитетите се вистински! Односно нема идентитетски прашања, има само идентитети. Ние сме тие што нè има!

Слики: Александар Дојранлиев
Извор: Слободен печат