Изложба на Кирчо Арсовски во Белград

11.10.2017 01:01
Изложба на Кирчо Арсовски во Белград

Во герила уметничкиот простор „Квака 22“ во Белград, во рамки на фестивалот „Ново доба“, деновиве се одржува изложба на цртежите на Кирчо Арсовски, „Are you schizoid“. Изложбата на Арсовски беше повод Радован Поповиќ, еден од клучните стрип промотори во Србија, да напише текст за творештвото на Арсовски.

Радован Поповиќ

За Кирчо Арсовски

 

Книгата цртежи на Кирчо Арсовски, неодамна објавена во изадние на Темплум, ја има во само две белградски книжарници, Беополис и Алан Форд.

Од точка на гледање оздола, светот на Кирчо е убав, потполна празнина, чувство на нелагодност, без сценографија во сликите, книгите патуваат со брод... тоа не личи на ништо, а тоа е она на кое што личи сè, со други зборови тоа не личи на сè, но не личи малку, туку многу личи на сето тоа, тоа е тој универзален речник, оригинален квалитет, исчекор во детерминирањето на медиумот како таков, во ова време на мешавини, мултисмисленоста на овие дела што секое посебно, особено заедно, во пар или во лента оставаат впечаток на некоја несвесна, а вештачка носталгија, пластика расипана од времето, тој најжесток критичар на квалитетот. Делата на Кирчо не пркосат, напротив, ниту на една насока на размислување, на ниту една школа, тие се занимаваат со поетските моменти, пренагласени во естетиката на, до тотем оголената класична нарација во потполно обратна насока, жива cut-up пракса во реално време се мешаат универзумите на посебните богови, превентивниот напад на Дизни, трогателната судбина на Супермен, двоножни животни излегуваат од рамките на теоријата, во кориците на илустрираната библија без зборови, на новиот завет тој вечен извор на инспирација на циниците, преку портал на мрежи и струи, подорени остатоци од хартија, последни петпарачки страници на рото печатот. Жолтата хартија, влагата што се претвора во прашина. Микрокосмичка сосредоточеност на минимално давање заради сеопштиот мит.

Да се каже дека е тоа нешто помеѓу, некоја нова интерна ѓифра, догма, отсуство на вишок, таа бука на непресметан исказ, непостоечка овоземска нарација, пријателски разговор, не. Најмногу се мачат оние кои се најблиски...имплозија внатре во 4 агли и 8 ќошеви, сигурно би било бласмефично и погрешно, но возможно, како и секо друго логично објаснување.

Острите потези на дрвените моливи, маснотија на сенката, им се восхитувам на идните хроничари на ова исто четиво, на големите мајстори на пишаниот збор, идните современици на популарната култура, популарната уметност, култот, на учителите по постанатомија во неправедната борба на човекот, жената, човекот и надчовекот со спротивни раси, полови и општи насочености.

Во рингот на животот, работниците на светлоста во сопственото огледало во очите на непријателот, тоа е судир на смислата, предмет на набројување кое е неправедно запоставено, несфатено, блиску; недофатливо, збор на врвот од јазикот, за малку засекогаш заборавени совршени решенија, најкратките точки на поврзување, хроника на последните денови, ако не објективно, тогаш субјективно ако не и објективно.

Врвност на концепт со необјасниви рамки, апсолутна нерамнотежа на секоја флека; се издојуваат неколку стилови кои се менуваат и мутираат, доволно во низата на непрегледниот корпус и е деливо и не е. Кирчо Арсовски му го отежнува патот на аналитичкиот ум, предавајќи ја сета топлина на препознаениот простор во време кое е апсолутно еластично, кон инстиктивното, нагонското, органското.

Се чувствува не само пријатна топлина, неверојатно насликана дури и со студени бои, основните, дури и жештината, оганот, топката на громот, секој потег, нанос, однос, односот меѓу површините, разграничувањата; со старовремска вештина, со дарба за моментот, за пресвртните моменти, назнаки на омаж, замени на тези, судир на стилови, бесконечи корени на потстилови, чувството на фаталното маскирано со гротескна дегенеричка уметност од почетокот на минатиот век, искуство во најава, запалени книги, редица мигови што ги одредуваат настаните, исечоци на мигови, историја што е заборавена. Што?

По средината, понатаму, на крајот на 60 –тите години на минатиот век, темно небо над поранешната југословенска република, денес, Македонија, само за миг, линија на космосот, пролом станицата, воздушната бања ја пресече трага на светлина. Бојата на крвта стана боја на кармин. Портокаловата никој веќе не ја викаше жолта или црвена. За зелената излезе дека има најмногу нијанси. Од друга страна, сината, бојата на мирот, бојата на небото, темно сината, светло, светлината на синото, зајдисонца и остри зраци на раноутринска зора, испукани острици на небото над Кали југа на поранешната јужна Југославија, дома си оди косата нечешлана...се враќа а не знае од каде, тајна изложба на Кирчо Арсовски, стариот Ново доба фестивал, светлост на универзумот. Во исто време, на исто место, неколку месеци порано, роден е крстено име брат од секта, тајниот агент од секта, мојот брат од секта Киро Филипс Кид, уште еден брат од секта, Кирчо Кирчо, Кирчо Арсовски, Арсовски/...мономултикултиватор на минимални простори за маневрирање, сечач на сопствените простори, господар на сувите моливи, на дванаесетделна палета на светиот спектар, пресек на дијапазоните на пукнатините, зрак тишина...

Во времето на својата младост, веројатно како неговите врсници за занимавал со работи со кои се знамимаваат момчињата на негова возраст. Како и сите деца, речиси сите деца, ги почуствувал движењата.убавината на бојата, речиси сето останато што чувствувале неговите врсници тогаш, денес современици. Луѓето што ги виделе шеесетите...човекот кој никој никогаш не го видел и во оваа прилика ќе остане неприсутен, нема да биде присутен на сопствената изложба. Се надевам дека знае што прави, можеби и нема да се појави, не е од оние што прават спектакл, сигурно не е претерано воочлив, видлив и очигледен. Да, не се крие, но судејќи според говорот на телото, исечок од фаза на движење од ретките но матни фотографии, делумните траги на дијагноза на симптоми на хипохондрија и преписката во трето лице еднина со прво лице ништовина, заклучувам дека не сака да патува. Така што можеби нема да го препознаете на отворањето на изложбата. Тој сигурно нема да ве препознае.

Како да не, размислувам за него, не за него, туку за некои негови јунаци,познати личности, ситуации, многубојните вињети во кои се наоѓаат неговите ликови, јунаци, непријатели на неговите непријатели, ми се мотаат во таа неправилна орбита на неговиот приватен космос, се вртат во концентрични линија на третата димензија на пресликани мостри, претходни, сегашни и идни можни ситуации како што се препознавањето на причините, резус на резусоидите, претците претходни. Конечно споени универзуми на Марвел, Дизни, Диси (DC), имиџ, картунетворк, на сите наши пожолтени алманаси, забавници, весници, сини птици и орли, беше тоа една од оние средби на човек со сетилото за допир, со очите што го бележат времето во кое таа средба толку лесно се заборава, средба на мрежата, звучи како трагедија, средба на крајот и така натаму, комедија.

Гледајќи ги тие исечоци, продолжени илустрации, квадрати, комбинации навидум со рандомски редослед, како подготвени за секоја комбинација, след, димензија, во секој случај заокружен наратив, без разлика дали се работи за контурите на сенките на лицата, сликите во три потези или комплексните ситуации набиени со тензија, понекогаш, речиси секогаш со некоја амбивалентна агресија, со црвена, зелена и сина, сино кафена. Од црно бела црвена па потоа и останатите бои, траги на бои на четките, врвовите на преостанатите фломастери, истрошените маркери, скршените пера, неисчешланите четчиња; комбинациите на боите, ако добро се сеќавам, главно 2 или 3, не сметајќи ги црната и белата, препознавање, како што се препознава стрип што веќе си го прочитал, собрани дела, поезија во црно, на веќе споменатото жолто, распаднато, за некого смрдливо, а за нас заробените, миризливо парче хартија, далеку од вечната тешка меморија, одблесоци на нејасни сцени што се враќаат, мутирани од старост бои, подобро, позрело, склоно кон смрт, проклето дигитално време, ни смртта не му света. Одмазничка бура на недефинирани коефиценти, екстензии на модалитетите, вредностите, бран на бришење на сите неаналогни податоци, ве очекува голема размагнетизација, на смртната постела ќе остане само хартија и пластика што се топи. Жолти, тешки полни прав, сомотски ѕидови, набори шари ислоеви, сцена на стари предмети, прашина, влага, патина, години, старост...дијапазон на палетата на сите топли бои, остри моливи, суви боички, потрошени креони и доба на кредата.

Текстот настана во текот на повеќе ноќни, раноутрински и со зајдисонце обоени денови, не би можело да се рече низ интервјуа, но секако разговори, со одобрување на авторот, со исправки на грешките и простување на гревовите.

Фото галерија од настанот.

Фестивал Ново Доба.

Квака 22.

Are You Schizoid? е издание на новата графичка едиција Лифт на Темплум.

ОкоБоли главаВицФото